1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Трамп ја игнорира Германија?

Ребека Штауденмајер
24 август 2019

Со оглед на тоа дека Трамп ќе учествува на самитот на Г7 викендов, а подоцна ќе ја посети Полска, многумина се прашуваат зошто на листата нема попатна посета на Ангела Меркел во Берлин. Игнорирање како дел од стратегија?

https://p.dw.com/p/3OMqH
US-Präsident Donald Trump und Kanzlerin Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ќе дојде во Европа. Во петок заминува на самитот на Г7 во Франција, а кон крајот на август има планирано посета на Полска каде ќе присуствува на одбележувањето на 80 годишнината од почетокот на Втората Светска војна. Иако ќе биде во соседството, Трамп не направи никаков потег за да ја посети германската канцеларка Ангела Меркел ниту во рамките на ова доаѓање, ниту пак во догледно време. Во двегодишниот мандат како претседател само еднаш ја сретна Меркел во Германија и тоа во 2017 година на самитот на Г20 во Хамбург – но, никогаш како нејзин гостин во Берлин.

Каде е проблемот?

Листата е долга. Од германските одбранбени трошоци, до позиција кон Иран, поддршката на гасоводот Северен ток 2 со Русија, и отпорот на Меркел да и забрани на Кина да работи на големи инфраструктурни проекти – има многу теми за кои двете земји имаат спротивставени работи.

Japan G20 Gipfel Osaka
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

И покај политичките тензии, познато е дека нема некоја посебна хемија меѓу Трамп и Меркел при личните средби. На комеморацијата по повод денот Д, Трамп дури и не и пружи рака на Меркел за да се поздрави. Игнорирањето на Германија и откажувањето на планираната посета на Данска во септември поради одбивањето на земјата да му го продаде Гренланд се типичен пример на неговиот „транснационален лидерски стил“, вели за ДВ, Џозеф Брамл, американски експерт од Германскиот совет за надворешни односи.

Повеќе:

-Како Трамповата Бела куќа гледа на Германија?

-Страв од враќањето на атомското оружје во Германија

-Германците сѐ покритични кон Трамп

„Тој се смета за главен, споделува јасни цели и барања, и согласно на одговорот ги наградува или казнува поданиците со предност или неповолности доколку не му се исполнат очекувањата, " вели Брамл и додава:„Затоа Германија и Данска се казнети со игнорирање. Полска од друга страна успеа да си ја засили позицијата со одредени отстапки. "

Полска има „поголемо влијание“ од Германија

Додека влијанието на Берлин во Вашингтон ослабе, Варшава значително ја зајакнува својата трансатлантска позиција откако Трамп ја презема функцијата.

„Полска има поголемо влијание отколку Германија. Полска во моментов би ја опишал како вториот- најважен партнер (за САД н.з) по Велика Британија“, проценува Нил Гарднер од вашингтонската Херитеџ фондација за германскиот јавен сервис АРД.

Брамл кој исто така пишува аналитички блог „САД експерт“ предупредува дека Полска и останатите треба да бидат претпазливи во однос на новите-зајакнати дипломатски врски.

„Актуелните ‘пријатели’ на Трамп во Источна Европа не треба да се залажуваат. Порано или подоцна американските гео-стратези ќе мора да си ги помират интересите со Русија со цел да ја ограничат кинеската експанзија," вели тој за ДВ.

„Обид да се подели ЕУ“

Игнорантскиот однос кон европската најсилна економија, а придавање специјално значење на земјите кои имаат судир со Брисел веројатно ќе служи за остварување на поголема цел – продлабочување на поделбите во Европската унија.

„Планот за патување на Трамп во Европа е очигледен обид да се подели ЕУ. Неговата администрација веќе јасно го стави тоа до знаење. Тие веруваат во тоа. Тие се противници на мултилатерализмот," изјави за АРД, Џејкоб Киркегард, виш аналитичар во американскиот Петерсон институт за меѓународна економија. 

Петер Бејер, владиниот германски координатор за трансатлантски односи, за весникот „Зидвест пресе“ изјави дека иако оддржување на добри односи со САД останува висок приоритет, но ставот на Вашингтон во однос на ЕУ го загрозува кревкото единство на блокот.

Трамп отворено ги поддржува хардлајнерите од Брегзит и актуелниот британски премиер Борис Џонсон, додека американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел неодамна се закани дека САД може да ги повлече своите трупи од Германија и да ги префрли во Полска.

„Неговата влада уште од почеток се обидува да предизвика раздор меѓу земјите членки на ЕУ," вели Бејер. „Време е да го сфатиме ова сериозно."