1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто светот нема да пропадне поради Трамп

Фолкер Вагенер
10 ноември 2016

Западниот свет се наоѓа во шок-состојба, најголемата можна политичка катастрофа се остври: Доналд Трамп се вселува во Белата куќа. Да, па што? Наведуваме пет успокојувачки причини

https://p.dw.com/p/2SSYQ
USA Wahlkampf Republikaner Donald Trump - Buch The Art of the Deal
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Schwalm

Изборите се избори

Прво најважното: слободните избори се највредното во демократијата, нејзиниот темел. Тие претставуваат неприкосновеност. Изборните резултати мора да се признаат, сеедно дали некому се допаѓа победникот  или не. Прифаќањето на желбата на гласачите мора да се докаже токму во екстремно поларизирани ситуации. 

Од популист до прагматичар

Во изборната кампања и во борбата за изборна победа се прават провокации, има удари и под појасот. Но, по победата следува помирување со политичките конкуренти. Прегрнување на целата нација. Доналд Трамп се обиде тоа да го направи уште во својот прв говор. Тоа значи, многу нешта од оние за кои Трамп се залагаше во изборната кампања, како „мистер президент“ или ќе ги ублажи или дури ќе ги „заборави“.

Сето тоа функционира според мотото: „не остава човекот печат врз функцијата, туку функцијата врз човекот“. Вакво искуство имаше и поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер. Трамп е бизнисмен и многу брзо ќе премине на прагматични постапки.

USA Wahlkampf Republikaner Donald Trump in Sarasota, Florida
Фотографија: Getty Images/C. Somodevilla

Откривање на „извисените“

Трамп е фронтмен на белиот среден слој во САД. Голем дел од „стомакот на нацијата“ во минатите години доживеа општествен и економски пад. Политичкиот естаблишмент долги години водеше малку сметка за овие луѓе. Трамп ги собра и се претвори во претставник на интересите на фрустрираниот запоставен среден слој, на ниските слоеви во нивната на егзистенцијална борба, бесперспективноста во поранешните индустриски региони. Оваа армија на губитници, кои не сакаат да дискутираат околу тоа дали треба да бидат изградени тоалети за третиот пол или не, дискусии кои се водат денес во социјалните мрежи, ја интересира само едно: повеќе работни места за да можат да ги прехранат своите семејства. Со Трамп, оваа група население од маргините влегува во фокусот на јавноста.

Инвестиции во земјата

Не постои добра и лоша политика. Постои само успешна и таа носи економски печат. Слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ во никој случај не е стартен сигнал за нов американски империјализам. Тој е насочен кон внатрешната политика: инфраструктура наместо скапи мисии во странство, мостови и училишта наместо Сирија и Ирак. Економската политика на Трамп ќе биде пресудна за неговиот успех. 

Нов почеток за земјата

САД со претседателот Трамп имаат шанса за ново себенаоѓање. Гневот на голем дел од избирачите на Трамп е претпоставка за тоа. Постојат аналитичари кои неочекуваното високата победа на милијардерот ја оценуваат како крик за слобода. Една животна максима на Американците во САД, која буквално лежи во нивните гени.

Длабоката поделеност на земјата, која со победата на Трамп се чини зацементирана, нуди прилика за ново формулирање на животниот стил на Американците. Така, од тоа не треба да профитираат само хипстерите во Менхетен и Сан Франциско, туку и обичните граѓани во јужниот и во централно-западниот дел од државата. Трамп е на потег.