1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И без „Доналд“ немаше да биде сѐ така убаво

Макс Хофман
16 февруари 2019

ЕУ брзо научија многу лекции што се однесува до Доналд Трамп. Штетата која ја направи американскиот претседател ќе биде тешко да се поправи. Но, за многу работи тој и направи и добро на Европа, смета Макс Хофман.

https://p.dw.com/p/3BxCo
Bildergalerie Trump im Souvenir Shop
Фотографија: DW/L. von Hammerstein

Како ли беше тоа само пред две години? Имаше ли живот пред Доналд Трамп? Во Брисел, центарот на Европската Унија и НАТО и покрај километарската оддалеченост многу работи се вртат околу американскиот претседател и тој ќе остане врежан во колективната меморија на Европа. Незаборавни се неговите настапи во НАТО, каде со неговите негативни коментари предизвикуваше голема возбуда и незадоволство. И заканите за воведување царини за европски автомобили и најавата дека ќе го напушти ИНФ, договорот за нуклерано разоружување, направија вистинска збрка и пореметување во Брисел.

Значи од европска гледна точка, се што прави овој американски претседател е страшно? Поголемиот дел од нив сметаат дека е така, но реалноста е различна. Трамп за многу работи и направи добро на ЕУ. Придобивките на Трамп за Европа се ненамерни, но очигледни – „Доналд“ ја обедини ЕУ. Неговиот притисок однадвор придонесе кон поголема внатре-европска солидарност и напредок.

Постојаната структурна меѓусебна сорабока за внатрешна и безбедносна политика (ПЕСКО) на пример, немаше да постои во ваква форма без Трамп. Популарноста на Унијата постојано расте по изборот на Трамп – барем на копното од континентот. Има и такви во Брисел кои ќе речат - секако не јавно, дека Трамп е најдоброто нешто што можеше да и се случи на ЕУ.

Да му се одземе „ветерот во едрата"

Се разбира, актуелниот американски претседател е и закана за Европа. Не само во однос на очигледните теми: ослабување на парискиот климатски договор, прекинување на атомскиот договор со Иран, дестабилизација на светските трговски односи. Наместо тоа станува збор за следбеници кои Трамп ги има во границите на ЕУ, меѓу народот и политичарите. Не мора да значи дека тие му се воодушевуваат за неговите испади, безумие, ароганција и клеветење, но им им се допаѓа неговата политичка некоректност и фактот дека зборува вистини, кои често се туркаат под тепих. Примери?

- Обвинувањата дека Европејците не ги исполнуваат ветени финансиски обврски во рамките на НАТО: очигледно се точни

- Обвинението дека Американците се дискриминирани во однос на ЕУ и Кина: точно во многу области

- Констатацијата дека Русија го прекршува ИНФ договорот: точно

- Констатацијата дека некои меѓународни институции како Светската трговска организација се троми и неефикасни: во изминативе години исто така се покажа како точно.

Hofmann Max Kommentarbild
Макс Хофман, автор на коментарот

Во однос на стилот, јасно е дека американскиот претседател „удира под појасот". Но, тоа не е доволно да се намали ефектот од неговите „твитер“ тиради бидејќи на многумине не им е важен стилот на обраќање, особено не во денешно време. ЕУ мора да му ја одземе „ветерот во едрата". Делумно тоа веќе и го прави, на пример во делот на зголемување на удделот за одбраната и во однос на координацијата на надворешната и безбедносната политика. Европа почнува и сериозно да ги слуша проблемите на луѓето кои се поддржувачи на популисти како Трамп. Вклучително и за дигитализацијата и сопствениот идентитет во еден глобализиран и се покомпликуван свет, во кој реалноста се повеќе се креира од дигитални гиганти од Кина или САД. Успехот на Матео Салвини во Италија и на Виктор Орбан во Унгарија се огромен доказ дека ЕУ до сега не можеше да ги отстрани ваквите проблеми.

ЕУ научи големи лекции

Што научивме од две години со Доналд Трамп? ЕУ се обидува динамиката која американскиот претседател ја наметна за многу теми од областа на светската и трговската политика да ја искористи во своја полза и конечно да конструира Унија која нема да има само економска тежина. „Способност да се води светска политика” го нарече тоа претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Тој со своето искуство и итроштина е еден од малкуте европски политичари кои изгледа најдоа успешна стратегија како да се справат со Доналд Трамп. Во трговската политика понуди едноставни и јасни компромиси, давање и земање, кои изгледа проаѓаат кај „бизнисменот” Трамп. Да се намали просторот за напади од популистите на Трамп, да се користи бришаниот простор во светската политика, да се најде најсоодветен начин во релациите со американскиот претседател, сето тоа во изминатите две години го апсолвираше ЕУ. Но, ниту Унијата, ниту остатокот од либералниот свет најдоа ефективно средство за да ги спречат штетите кои Трамп ги направи во трансатлантските релации. Тој несакајќи ќе се погрижи за тоа ЕУ конечно да стане самостојна. Но, оглед на тоа колкава е штетата, од европска перспектива гледано можеби ќе беше сепак подобро ЕУ да пораснеше без изборот на Доналд Трамп.