1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И „Гугл“ мора да отпушта

ДПА/T.T.20 јануари 2009

Финансиската криза го зафати и интернет-гигантот, кој е инаку компанија што реди успеси. Во првиот бран отпуштања со „Гугл“ ќе мораат да се збогуваат стотина вработени.

https://p.dw.com/p/GbMM
Финансиската криза не го заобиколи ни интернет-гигантотФотографија: AP

Менаџерот Ласло Бок на официјалниот блог на „Гугл“ најави дека фирмата отпушта сто вработени во персоналното одделение. Претпријатието со седиште во Маунтин Вју во Калифорнија изјави дека и покрај лошата состојба во економијата, ќе продолжат со нови вработувања во други сектори. Секако многу помалку од досега. Германското претставништво на „Гугл“ засега не е погодено од укинувањето на работните места.

USA Internet Google 10 Jahre Eric Schmidt Sergey Brin und Larry Page
Ерик Шмит и двајцата коосновачи на „Гугл“, Сергеј Брин и Лари ПејџФотографија: AP

Лидерот меѓу системите за пребарување и рекламирање на интернет во текот на изминативе години драстично го зголеми бројот на вработени. На крајот на септември, минатата година, во „Гугл“ работеа околу 20.100 лица, или 4.200 повеќе отколку минатата година. Менаџерот Ерик Шмит во ноември најави дека во иднина „повеќе ќе внимаваат на трошоците“. Поради тоа укинаа неколку проекти и отпуштија дел од вработените.