1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И новинар на Дојче веле на мета на режимот на Орбан

Немања Рујевиќ | Николас Мартин
23 април 2018

Дописник на ДВ од Будимпешта, Кено Ферзек, е меѓу новинарите кои прорежимските медиуми ги зедоа на нишан. Тоа е дел од кампањата против наводна „Соросова мрежа“. Десетици илјади луѓе пак протестираа против владата.

https://p.dw.com/p/2wUap
Anti-Regierungs-Proteste in Budapest
Фотографија: Reuters/B. Szabo

Во саботата на улиците на Будимпешта повторно протестираа десетици илјади луѓе. „Ние сме мнозинството“, скандираа тие, само неколку дена откако партијата на премирот Виктор Орбан, Фидес, го одбрани двотретинското мнозинство на парламентарните избори. Партијата на Орбан, за волја на вистината, не доби мнозинство гласови, туку малку под 50 проценти, но благодарејќи на изборниот систем дојде до голем број мандати.

Повеќе: 

Листа „платеници на Сорос“: Почнува одмаздата на Орбан

Триумфот на Орбан и кутрата опозиција

Овојпат критичарите на Орбан имаа додатна причина за протести. Минатата недела е објавена своевидна „црна листа“ на која се имиња на новинари од Унгарија кои работат за странски медиуми. На протестите учествуваа и слабите опозициони партии. „Ова се први чекори и знак дека има многу Унгарци кои сакаат да живеат во демократија со независни институции и слободни медиуми“, изјави студентот Виктор Ѓетваи, иницијатор на протестите.  

Anti-Regierungs-Proteste in Budapest
Десетици илјади Унгарци протестираат против антидемократскиот курс на владатаФотографија: Getty Images/AFP/A. Kisbenedek

„Ќе ја вршам својата работа како и досега“

Весникот „Маѓар идок“, близок до владата на Виктор Орбан, кон крајот на минатата седмица објави листа со имиња на 200 вработени во невладиниот сектор, на универзитетите и во медиумите, кои се означени како дел од „Соросовата мрежа“. На неа се наоѓа и името на Кено Ферзек, кој со години за Дојче веле и за Шпигел од Будимпешта известува критички за развојот на настаните во Унгарија. „Маѓар идок“ ја повикува власта да преземе нешто против него и останатите од листата.

„Веќе подолго време сум изложен практично на тотален бојкот на Орбан и неговата партија Фидес - не добивам од нив изјави дури ни на локално ниво“, вели Ферзек во интервју за Дојче веле. Тој потсетува на пакетот закони кој моментно е во процедура и со кој се предвидени казни за сите кои „ја поддржуваат илегалната миграција“. „Да речеме, ако известуваме за илегалната миграција, владата би можела да ни забрани влез во земјата или да нѐ протера. Но, сепак верувам дека објавениот текст е начин да нѐ заплашат“, дополнува Ферзек.

„Ќе ја работам својата работа како и досега. Во Унгарија работам како новинар веќе 35 години. Ни кога Унгарија на крајот на 80-те години од минатиот век сѐуште беше комунистичка диктатура, а јас првпат работев како новинар, климата на страв не беше толку силна како денес“, објаснува дописникот на Дојче веле. Денес, вели тој, ретко кој се осудува да зборува за медиуми, некои тоа го прават анонимно, други ги навредуваат и им се закуваат на новинарите. „Ништо не зборува дека (по убедливата победа на Орбан, н.з) ќе има попуштање или дека тој ќе се врати на некоја форма на прагматизам.“

Kommentarbild Keno Verseck
Кено ФерзекФотографија: privat

Фондацијата Сорос заминува?

Освен Ферзек, во статијата која ја објави прорежимскиот весник „Маѓар идок“ исто така се напаѓаат и новинарите Грегор Мајер (од германската новинска агенција ДПА-, Бернхард Оденал (од швајцарски „Тагесцајтунг“), Мерет Бауман (од швајцарскиот „Ноје цирхер цајтунг“) и Ернст Ѓелегс (австрискиот јавен сервис ОРФ). Значи, сите дописници на медиуми од германското говорно подрачје.

-прочитајте: 

„Ди пресе“: Сорос-фондацијата ја напушта Унгарија

Поради планираниот пакет закони Фондацијата за отворено општество на американско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос во четвртокот објави дека размислува за напуштање на Унгарија. Во изјава за Дојче веле, еден портпарол ја потврди таа опција, но демантираше дека преселбата во Берлин е веќе готова работа. За тоа ќе биде решено дури ако и кога законот ќе стапи во сила, а тоа се очекува на почетокот на мај.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид