И Твитер излегува на берза
13 септември 2013За излегувањето на Твитер на берзата се шпекулира одамна, но најверојатно катастрофалниот берзански старт на колегите од Фејсбук дополнително го одолговлекоа реализирањето на ваквата намера. Непосредно по затворањето на Волстрит, Твитер вчера (12.09) соопшти е доставен берзански проспект до американските надзорни власти.
Твитер е основан во 2006 година и е една од најбрзо растечките социјални мрежи на интернет. Сепак, до фактичкото излегување на берзата може да минат повеќе месеци, а намерата се‘ уште може и да не успее. Во наредниот период, имено, банките прво ќе ја испитуваат побарувачката по акции на Твитер, а потоа ќе ја формираат цената за акција.
Вредноста на Твитер се проценува на 10 до 15 милијарди долари. Фејсбук пак, откако се опорави курсот на неговите акции, вреди околу 109 милијарди долари (82 милиајрди евра). Мрежата има околу 200 милиони активни корисници. Фејсбук, како што се тврди, има 1,15 милијарди корисници ширум светот.