1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

ИД не е целосно победена

Херман Рајнер
21 март 2019

И покрај тоа што таканаречената „Исламска држава" сега ја загуби целата нејзина територија - злото на џихадистичкиот терор не е искоренето, смета Рајнер Херман од Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

https://p.dw.com/p/3F97g
Symbolbild Rakka Kämpfer der IS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Благодарение на решителната акција на меѓународната заедница Исламската држава е речиси победена - и покрај тоа што е под ограничување дека е барем воено поразена и барем засекогаш. Сепак треба да се внимава на илузиите и дури и кога ќе го нема последниот борец на ИД и кога ќе биде преземено последното парче територија кое беше големо колку цела Велика Британија. Но една – ако не и најважната – етапна победа не е завршена. Светот во никој случај не треба да биде сигурен дека заложниците на џихадистичкиот терор се победени.

Потребна е претпазливост

Од една страна таквата претпазливост е во насока на тоа дека идеологијата на џихадистичкиот салафизам стана составен дел од аресеналот причини за тероризам. Не секој салафист, значи не секој којшто сака да живее како древните муслиманите, автоматски е и терорист. Спектарот се движи од еден целосно неполитички салафизам до таков чии следбеници се уверени дека нивната утопија може да се примени само преку насилство – џихад.

Повеќе:

-Европски Гвантанамо: Што да се прави со европските ИД-борци?

-Како се финансира тероризмот?

Активирање на таквите сили може да се случи во секое време и по воениот крај на „Исламската држава", и тоа може многу бргу да биде случај. Од друга страна експертите проценуваат дека бројот на борците на ИД, кои во изминатите две години преминале во илегала е околу 30.000. Најверојатно дел од нив може да бидат интегрирани во нивните општества. Но, многумина веројатно чекаат нова шанса. Таа може да им се понуди, доколку страните во конфликтит кои се борат меѓу себе ненамерно создадат вакуум или ако САД се повлече од Сирија. ИД брзо ќе се вовлече во секоја вакум состојба, исто како што тоа го стори во 2014 година со својот триумфален марш. 

ИД и нејзините претходнички организации постојано се потценувани. По претпоследната победа над ИД во 2008 година бројот на џихадистите кои се повлекоа во илегала во Ирак беше проценет на неколку стотици. Три години подоцна организацијата се врати назад видно засилена, нејзините лидери научија од грешките и се адаптираа на новите околности. Тоа нема да биде различно ниту овојпат. Исто како и претходно, останатиот дел ќе прибегне на една класична герила – тактика со терористички напади за да продолжи да сее страв и понатаму. Тие исто така ќе се обидат нивната војна да ја префрлат во западните земји. Поради тоа потребна е претпазливост.

На младите им треба перспектива

За да се спасат поголемиот дел од џихадистите ќе помогне само едно: во нивните матични земји мора да се создадат услови со кои ќе се гарантира нивна вклученост и функционална правда, за да може младите луѓе да не мислат дека само тероризмот нуди пат кон подобра иднина. Иако ова воопшто не е случај сегашната победа врз ИД е сепак поважна. На ИД сега и е одземена територијата, со која би можела да ги привлече на „исламски“ живот во „исламска“ држава.