ИД ја презема одговорноста за крвавиот напад во Кабул
28 декември 2017Најмалку 36 луѓе се убиени, а 38 ранети во самоубиствениот бомбашки напад врз седиштето на шиитската културна и верска организација во главниот град на Авганистан, Кабул. Фотографиите поставени на социјалните мрежи прикажуваат бројни тела во дворот на зградата по нападот.
Уште читајте:
-Нападот врз ирачката амбасада во Кабул - дело на ИД
-НАТО ќе се ангажира повеќе во борбата против тероризмот
Министерството за внатрешни работи соопшти дека самоубиствениот бомбашки напад следел по две експлозии во истата населба.
„Цел на нападот беше културниот центар Табјан. Нападот е изведен додека се одржуваше церемонија за одбележување на 38 годишнината на советската инвазија на Авганистан“, изјави заменик портпаролот на министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Во меѓувреме се огласи и терористичката милиција Исламска држава, која ја презде одговорноста за нападот. На нивната пропагандна интернет страница Амак беше јавено дека нападот го извршил член на џихадистичката милиција.
Во последните месеци т.н. Исламска држава презеде одговорност за нападите врз шиитски цели ширум земјата. Талибанците објавија соопштение во кое се наведува оти тие не стојат зад денешниот напад.