Информаторот на Викиликс нуди делумно признание
9 ноември 2012Адвокатот на американскиот војник Бредли Менинг на својот блог напиша дека неговиот клиент сака да преземе одговорност за дел од делата кои не се толку тешки, во замена за намалување на казната. Судскиот процес против Менинг треба да почне на 4 февруари, во воената база Форт Мид, во американската сојузна држава Мериленд. Нему му се заканува доживотен затвор. 24-годишникот е обвинет за издавање државна тајна, како и за прекршување на компјутерските закони и законите за шпионажа, а му се префрла и „поддршка на непријателот“. Менинг не сака да признае вина по овие обвиненија.
Тој беше притворен во мај 2010. година. Бредли Менинг е обвинет дека додека бил стациониран во Ирак ја снабдил интернет платформата Викиликс со околу 700.000 документи, од кои поголемиот дел тајни.