1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Иран: Егзекуција на наводен шпион на ЦИА

СН/дв
20 јули 2020

Махмуд Мусави Маџид работел како преведувач во Сирија. Во име на САД и на Израел, тој, како што се вели, ја шпионирал иранската армија и издавал каде се наоѓаат високи воени лица на Иран.

https://p.dw.com/p/3fa83
Iran | Hinrichtung | Mahmud Musavi Majd
Фотографија: Mizan

Ирански државјанин осуден за давање на  информации на американски и на израелски разузнавачки служби за местото каде се наоѓа иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој подоцна беше убиен во американскиот напад со беспилотни летала, беше погубен утринава во Иран.

Махмуд Мусави Маџид беше прогласен за виновен за шпионирање на иранските вооружени сили, посебно бригадите Ал-Кудс.

Тој беше осуден за откривање информации до американската ЦИА и на израелскиот Мосад за движењата на командантот на бригадите Ал-Кудс, генералот Касем Сулејмани. Маџид за возврат добил пари, соопштија иранските власти.

Повеќе:

-Дали Иран сѐ уште ги контролира паравоените милиции?

-Одмазда на Иран - напади врз американската војска во Ирак

-Убиството на иранскиот генерал - објава на војна

На официјалната веб-страницата на иранското правосудство „Мизан Онлајн“ се наведува дека Маџид бил егзекутиран утринава.

Iran Trauerzeremonie für getöteten General Soleimani in Teheran
Фотографија: AFP

Генералот Сулејмани беше убиен во американскиот напад со беспилотно летало на 3 јануари во близина на аеродромот во Багдад, Ирак. Убиен во нападот беше и заменик командантот на ирачките милиции поддржани од Иран, познати како Народни мобилизациски сили, како и пет други лица.

Според официјалната веб-страница на правосудството во Иран, Маџид емигрирал во Сирија во 1970-тите, каде работел како преведувач на англиски и на арапски јазик. Поради неговите познавање на арапската и на сириската географија, тој имал контакти со ирански воени советници по почетокот на граѓанската војна во Сирија. Тој подоцна јпрезел должности кај иранските вооружени сили стационирани меѓу Идлиб и Латакија.

Во октомври 2018 година, Маџид беше уапсен, според официјалните информации.

Во минатата недела, Иран објави дека погубил човек осуден за шпионажа за ЦИА. Во тој случај, стануваше збор за давање на информации за иранската ракетна програма.