1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Иран: Промената на власта се смета за сигурна

ЕМФ | агенции
18 јуни 2021

Речиси сигурно е дека по претседателските избори во Иран ќе дојде до промена на власта. Нејасно е дали потоа на земјата ќе ѝ биде подобро. Расположението на многу Иранци е песимистичко.

https://p.dw.com/p/3v8rW
Iran Wahlen
Фотографија: Fatemeh Bahrami/AA/picture alliance

Во Иран почнаа претседателските избори на кои право на глас имаат над 59 милиони луѓе. Се гласа за наследник на Хасан Рохани, кој по два мандата веќе нема право да се кандидира. Поради пандемијата на коронавирус избирачките места ќе бидат отворени подолго од вообичаено, а зголемен е и нивниот број. Првите резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, или најдоцна до недела, соопшти Министерството за внатрешни работи. Новиот претседател би требало да биде инаугуриран во август.

Набљудувачите сметаат дека во земјата ќе дојде до промена на власта. Од првично седум кандидати кои добија дозвола да се борат за претседателската функција, на денот на избори во трка се само четворица - ултраконзервативен клерик, реформатор, поранешен генерал и еден хардлајнер. Најмногу шанси, според проценките, има клерикот Ебрахим Раиси, а аутсајдерски шанси му се даваат и на реформаторски ориентираниот економист Абдулнасер Хемати, кој се надева на протестните гласови.

Победата на Раиси, за многу граѓани на Иран, е сигурна. Раиси пред четири годинине успеа во борбата против Рохани,но овојпат неговиот пат е многу полесен. За тоа се погрижи и т.н. Совет на чуварите на револуцијата, кој ги сортираше и исфрли од игра сериозните конкуренти. Тоа предизвика незадоволство дури и во сопствените редови, а придонесе и за голем неинтерес налуѓето за изборите, кои во голем дел се гледаат како инсценирани и недемократски.

Die Präsidentschaftswahlen im Iran haben begonnen
Фотографија: IRNA

Експертите сметаат дека доколку биде избран за претседател, Раиси нема да го продолжи умерениот курс на Рохани. Тој во кампањата се фокусираше повеќе на економски теми и вети брз крај на финасиската криза предизвикана од американските санкции. Но, без преговори со САД за иднината на Атомскиот договор, крај на санкциите и на кризата е неизводлив. Раиси во изминатите години остро го критикуваше Атомскиот договор, а во кампањата рече: „Ќе го почитуваме договорот, но условите ги поставуваме ние, а не САД“. Своите услови Раиси сака да ги соопшти дополнително. Порадикален курс од Раиси како претседател се очекува и во блискоисточната политика на земјата.