Истрага за педофилија против третиот човек во Ватикан
29 јуни 2017Против кардиналот Џорџ Пел, префект на Секретаријатот за финансиски прашања во Ватикан во Австралија е започната истражна постапка за повеќекратно сексуално злоставување на деца. Станува збор за стари обвинувања, кои Пел категорички ги демантира и инсистира дека е невин. Највисокиот претставник на Католичката црква во Австралија, 76-годишниот епископ е во суштина трет човек во Ватикан за кој ја извршува функцијата министер за финансии, и поради тоа е досега највисок претставник на католичката црква обинет во афера за педофилија. Во Рим во октомври го сослушуваше австралиската полиција. „Полицијата од државата Викторија го обвини Џорџ Пел за стари обвинување за сексуални злоставувања“, изјави за новинарите помошничката на началникот на полицијата на Викторија, Шејн Патон. „Има многу подносители на тужби поврзани со овие обвинувања“.
Пел во 70-тите години од минатиот век бил свештеник во сојузната држава Викторија. Австралиската полиција не објави каде се случиле спорните случаи ниту возраста на наводните жртви. Според австралиските медиуми, двајца, сега возрасни мажи, го товарат Пел дека сексуално ги злоставувал во 70-те години од минатиот век. Покрај тоа, тој наводно во 80-те години во повеќе наврати се соблекувал гол пред три момчиња.
Австралиската католичка црква објави дека Пел категорички ги отфрла обвинувањата, и оти ќе отпатува во Австалија за да се брани од обвинувањата и да го „исчисти неговото име“. Пел е повикан на 18 јули пред првостепениот суд во Мелбурн на сослушување. Кардиналот привремено ја стави во мирување својата функција во Светтата столица. Кога за првпат во минатата година се појавија обвинувањата против Пел, папата Франциско рече дека ќе сочека австралиското правосудство да ги направи првите чекори за да може да донесе своја одлука за Пел, и додаде оти на неговиот главен финансиски советник не треба да му судат медиумите.