1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага против американски банки за перење пари

ЕМФ/афп16 септември 2012

Против повеќе големи американски банки , според „Њујорк Тајмс“, се води истрага поради сомневање за перење пари и можно финансирање на трговија со дрога и тероризам.

https://p.dw.com/p/169wO
Фотографија: Fotolia/Feng Yu

Федералните и локалните власти во САД водат истрага против дел од големите банки во земјата поради сомневање дека потфрлиле при надзорот на трансферот на пари во готово, пишува весникот „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори. На тој начин на трговци со дрога и терористи можеби им успеало да исперат пари, наведува весникот.

Според извештајот на „Њујорк Тајмс“ станува збор за една од најголемите акции против перење пари со децении. Истрагата се‘ уште не е завршена, но властите веќе се „пред преземање дејство“ против банката ЏПМорган, а се истражуваат и активностите на други големи банки, како што е Банк оф Америка.

USA Wirtschaft Fehlspekulation verursacht Milliardenverlust bei JP Morgan Logo
Фотографија: Reuters

Неодамна американските власти обвинија повеќе големи европски банки дека правеле илегални зделки со држави кои се под санкции. За да не биде исклучена од Њујоршката берза, британската банка Стандард Чартерд, која беше обвинета дека имала илегални трансакции со Иран, на средината од август изрази подготвеност да плати казна во висина од 340 милиони долари. Американските власти, според пишувањето на „Тајмс“, водат истрага и против Ројал Банк оф Скотланд поради можно прекршување на американските санкции против Иран.