1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Истрагата во случајот Кашоги се одолговлекува

Арам Екин Дуран
19 ноември 2018

По убиството на саудискиот новинар Кашоги во Истанбул и натаму нема трага од неговото тело. Наместо тоа има многу сомнежи. Експерти страхуваат дека случајот би можел да се загуби во некоја фиока.

https://p.dw.com/p/38VAm
Jamal Khashoggi
Фотографија: Getty Images/C. McGrath

По петочната молитва секаде на светот беа одржани погребни церемонии за саудискиот новинар Џамал Кашоги, чије тело  и натаму не е пронајдено. Верници во Истанбул и во Мека, но и во Лондон, Париз и во Вашингтон се собраа на петочна молитва за убиениот новинар. На церемонијата во Саудиска Арабија учествуваа и членови на семејството на Кашоги.

Пред околу месец и половина новинарот беше убиен во конзулатот во Истанбул. Тој го посетил конзулатот за да обезбеди документи за неговата претстојна венчавка. Од тогаш Џамал Кашоги е исчезнат. Полека исчезнува секоја трага од него. Кој се крие зад убиството? Турските власти соопштија дека лешот на Кашоги бил распарчен и потоа уништен во раствор од киселина. Тоа што се уште не може да се најдат делови од лешот истражителите го објаснуваат со тезата дека специјално командо од Саудиска Арабија допатувало само за да ги уништи доказите.

Саудиската страна признава дека Кашоги починал во конзулатот и дека неговото тело било распарчено, но тврдат дека деловите од телото потоа му биле предадени на соработник надвор од конзулатот. Заменикот главен саудиски обвинител Шалан Ал Шалан изјави дека не се знае каде се посмртните останки од новинарот.

Türkei, Istanbul: Yasin Aktay spricht auf der symbolischen Beerdigung Kashoggis
Фотографија: Reuters/M. Sezer

Има убиство, нема леш. Надир Арикан, експерт по судска медицина и доцент на медицинскиот факултет на универзитетот во Истанбул за ДВ вели: „Идејата да се разложи леш во хемиска состојка не ми звучи многу логична". "Сосема е возможно останките да се закопани или едноставно фрлени во некоја река. На човек спонтано би можеле да му паднат на памат стотина сценарија." Начинот на кој до сега се води истрагата во случајот Кашоги за Арикан е пред сѐ „бесмислен".

Дали ќе се анализираат аудио снимките?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во изјава за јавноста посочи дека постојат аудио снимки кои веројатно настанале за време на убиството. Снимките им биле доставени и на Германија, Франција, САД и Велика Британија. Канадскиот премиер Џастин Трудо кој исто така ги добил снимките изјави дека ги преслушал. За сега не е познато колку снимките биле земени во предвид во истрагата што се води во Истанбул.

Повеќе:

-Саудискиот принц лично го наредил убиството на Кашоги?

-Ердоган ги сподели тонските снимки од убиството на Кашоги

-Ријад се жали на „хистерија“ во случајот Кашоги

Владата во Анкара бара формирање на меѓународен тим за истрага. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу тоа неколку пати го нагласи во текот на минатата недела. „Во моментов меѓународна истрага е нужно потребна", рече Чавушоглу.

Може ли да се формира независна меѓународна комисија?

Кој ли треба да продолжи со истрагата? Поранешниот претседател на истанбулската адвокатска комора, Тургут Казан, вели дека туркста страна исто така не знае од кој круг луѓе и на кој начин може да биде формирана таква меѓународна комисија. Покрај тоа Турција се активирала дури откако осомничените припадници на саудискиот конзулат веќе ја напуштиле земјата. "Во истрагата треба да се преземат веродостојни чекори. До сега не видовме ништо во тој правец ", вели Казан.

Казан нагласува дека осомничените саудиски дипломати не можеле да ја напуштат земјата само заради тоа што имаат дпломатски имунитет. Правникот посочува дека според Виенскиот договор од 1963 година конзулатоте за разлика од амбасадите имаат многу помали привилегии.

Türkei Fall Khashoggi - Trauergebete
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/E. Gurel

Неопходност за ОН

Од гледна точка на Арикан, за формирањето на Истражна комисија може да биде релевантен протоколот од Минесота на ООН од 1991 година. Во него членките на ООН се обврзуваат да формираат независни комисии кога луѓе се ликвидирани без да е воден процес против нив. „Иако сега веќе поминаа месец и половина од убиството во Турција, за сега нема назнаки дека таква комисија е планирана", вели Арикан.

Тоа што Турција бара таква комисија за Арикан е позитивен сигнал. „До сега во Турција и во Саудиска Арабија немало особено отворени и транспарентни истраги на случаи спроведени од независни експерти." Ако се функционира како и до сега, тешко дека истрагата за Кашоги ќе дојде до успешна разврска.