Корона-протести: германски феномен?
15 мај 2020Според медиумите, околу 400 луѓе се собрале пред канцеларската канцеларија на протест против мерките на владата во борба против коронавирусот, против наводното производство на страв, против вакцинирањето кон кое наводно се тежи. Не се мисли притоа на некои од сѐ поголемиот број демонстрации во Германија, туку за собир во Австрија. Јавниот собир одржан на 1 мај, според наводите на дневниот весник „Стандард“, е втор собир по големина од ваков вид во Австрија. На него учествувала и ѕвездата од новото десничарско Идентитерско движење на Австрија, Мартин Зелнер. На 14 мај „Иницијативата за информации за корона базирана на факти“ повторно ги собра своите симпатизери.
Станува збор за еден од (надвор од Германија) ретките примери на сојуз кој без вирусот веројатно едвај би се формирал: Пред сѐ во Сојузна Република Германија на ваквите собири се сретнуваат теоретичари на завери, оние кои мразат демократија и „граѓаните на Рајхот“, но и противници на вакцинирањето и езотеричари.
Други земји, други теми
Не станува збор за тоа дека надвор од германското говорно подрачје воопшто нема демонстрации за темата корона: Во Полска први се оние кои работат во една, а живеат во друга земја и хотелиерите во местата во близина на границите излегоа на улиците барајќи враќање на европската слобода на движење. Во Варшава на демонстрациите, на кои се бараше повторно придвижување на економијата, минатиот викенд имаше многу уапсени. На демонстрациите во француските предградија пред сѐ станува збор за социјално запоставување за време на мерките за изолоција и за самоволието на полицијата- повод беше една потера во која полицајците наводно повредиле моторциклист.
Повеќе:
-Анти-корона протести: Гневот се истура врз новинари
-Коронавирусот и опасноста од 5Г технологијата: Тешка и опасна глупост!
-Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус
Во словенечкиот главен град Љубљана, но и во вториот по големина град Марибор, илјадници луѓе се возеа на велосипед во протест против владата на премиерот Јанез Јанша. На повик од различни организации од цивилното општество, станува збор за наводна проневера на донации во нарачка на заштитни маски и респиратори. Теориите на заговор, кои во Германија сега добиваат на популарност, изгледа во остатокот од Европа носат помалку луѓе на улица. Така на пример, според наводите на медиумите на демонстрациите против коронавирусот и мобилната мрежа 5Г во Лондон се собрале само 40 луѓе.
Протестен фронт активен уште од 2014 година
Во Германија истражувачите на протести сѐ повеќе прават паралела со т.н. Бдеења за мир од 2014 година: Поттикнато од украинската криза се формираше протесно движење кое разви сѐ повеќе анти-американски, екстремно-десничарски, антисемитски тенденции и теории на заговор. На една од демонстрациите одржана во декември 2014 година пред дворецот Белви, весникот Тагесшпигел објави текст под наслов „Теоретичари на зговори, левичари и неонацисти против Гаук“, и со тоа ја погоди суштината на „Кверфронт“ (querfront) на кој оваа пролет одбележана со коронавирусот многумина во Германија се присетуваат.
„Начинот на кој се изразува протестот сигурно може да се види под културолошките обележја на Германија“, вели Јан Ратхје, кој во Фондацијата Амадео Антонио води истражувачки проект за антисемитизам и теории на заговор. „Како и во 2014 година доаѓа до т.н. „кверфронт“, значи луѓе кои самите се сметаат за левичари до десничари и десничарски екстремисти. Тие се заедно против 'оние горе', против наводно големите заговори и сакаат да ги спречат и да им се спротистават.“
САД како пример
Некои десничарски екстремисти и теоретичари на заговори во Германија разменуваат мислење на интернет со истомисленици од другите земји, како Стефан Б., кој во видео снимка направена во октомври 2019 година се претставува како „Анон“, пред безуспешно да се обиде да влезе во синагогата во Хале каде што сакаше да убие еврејски верници. „Анон“ кај десноекстремните форуми чии корисници се анонимни, во 2017 година има еден „Анон“, кој се претставува како вработен во американското Министерство за енергија, го претстави документот класифициран како „Кју“, во кои има тврдења за наводни заговори зад кои стојат државните служби на САД.
„КјуАнон“ (QAnon) постепено се разви во вистинска идеологија, која верува дека педофилите заробиле илјадници деца и оти поранешниот претседател Барак Обама, поранешната министерка за надворешни работи Хилари Клинтон и милијардерот Џорџ Сорос заедно подготвуваат државен удар. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп наспроти тоа важи за ослободител. Посетителите на јавните собири постојано носат плакати со „Кју“ зад претседателот.И кога станува збор за демонстрациите против мерките за справување со коронавирусот во САД, на кои Трамп дури делумно повика, можат да се видат „Кју“ банери. Но, тука се и вооружените либерали, кои речиси секој потег на владата го сметаат како напад на нивната слобода. „Севкупно во САД учествуваат бројни лица од екстремно левичарскиот до екстремно десничарскиот спектар“, вели Јан Ратје и додава „и паравоените формации, кои користат оружје и заземаат згради, веќе често ги гледавме во минатото“.
Условно споредливо
Разликата е во тоа што за демонстрантите во САД, по правило, во преден план стојат индивидуалистички, слободарски елементи, додека во Германија преовладува „аспектот на заедницата“, вели Ратје. Сепак, истакнува тој , она што им е заедничко на сите е дека постои големо мнозинство и мало малцинство кое со средства на заговор сака да го контролира и да манипулира со ова мнозинство .
И покрај оваа разлика, германските теоретичари на заговор сè повеќе ги преземаат размислувања на „КјуАнон“: Пејачот Ксавиер Наиду, готвачот Атила Хилдман и раперот Сидо се само три истакнати примери. Не е случајно што демонстрациите во Германија се слават и во круговите на „КјуАнон“. Извадоци од протестите објавени на Јутјуб, подвлечени со патетична музика, не прикажуваат само снимки од САД и Канада, туку и некои од Германија - како и слики од Словенија и од Полска, но и од Либан и од Хонгконг, кои секако немаат никаква врска со „големото будење ширум светот “, кое теоретичарите на заговор со задоволство го рекламираат како нивна придобивка.