1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како Германците поттикнуваат раѓање деца?

Сања Благојевиќ
11 мај 2018

Стапката на наталитет расте веќе петта година по ред, но бројот на новороденчиња е и натаму под ЕУ-просекот. Дали парите се пресуден фактор за пораст на наталитетот?

https://p.dw.com/p/2xWG9
#DE_facto Kroatisch Bosnisch, Srecko Matic
Фотографија: DW

Во Германија се раѓаат сѐ поголем број бебиња, стапката на наталитет расте веќе петта година по ред. Но бројот на новороденчиња е и натаму под ЕУ-просекот. Што преземаат конкретно германските политичари? И како државните поттици влијаат врз наталитетот?

Во 2016. година во Германија се родени 7% повеќе бебиња отколку една година претходно. Тоа воедно е и најголем број новороденчиња во последните 20 години . Бројот на родени деца по една жена со тоа се зголеми на 1,59, тоа е најголема вредност во Германија уште од 1973-та. Во споредба со другите членки на Европската Унија, Германците се и натаму минимално под просекот (1,6). Најмногу бебиња се раѓаат во Франција (1,92), а најмалку во Шпанија и Италија (1,34).

Да појасниме: овие податоци покажуваат колку деца добива „просечната“ жена, на возраст меѓу 15 и 49 години. За одржување на стабилен број жители, тој број би морало да изнесува 2,1. Германската влада издвојува околу 200 милијарди евра годишно за изградба на градинки и други мерки на поттикнување. Многумина сметаат дека детскиот додаток е добра мотивација – особено за доселениците. Дали е тоа навистина така? Дали мигрантите навистина се одговорни за бејби-бумот?

„Па, не баш, барем сѐ уште не. Зашто, статистиките велат дека само секое трето бебе родено во Германија е мигрантско. Но, мигрантите сигурно се мотивирани и од детскиот додаток – 194 евра по дете месечно, а од третото дете и повеќе. Значи, илјада евра месечно за четири, пет деца, па зарем и Вие не би сте се фрлиле на работа да ја поправате демографската структура на Германија?  Но, шегата на страна. Германската држава на секоја мајка која ќе престане да работи и прави беби-пауза од една година ѝ уплаќа до 1.800 евра месечно за бебето. И ѝ дава законска гаранција за место во градинка. Но кога јас добив бебе, такво нешто немаше. Тогаш се водеше вистинска битка за секое место во градинките. Денес градинките никнуваат како печурки по дожд. А мајките веќе не ги бие глас дека се маќеи само затоа што одат на работа,“ вели Јасмина.

Значи има доволно причини за раѓање бебиња. Сепак, стапката на наталитет е различна од покраина до покраина. На нешто побогатиот запад (+8%) се раѓаат повеќе деца отколку на истокот на Германија (+4%). Клучната разлика сепак е меѓу градот и селото. Во поголемите градови бројот на родени деца по жена изнесува само 1,1, додека истата таа стапка кај жените кои живеат во помали средини изнесува 1,9. Стапката на наталитет очигледно зависи од многу фактори. Сепак, факт е дека најмногу бебиња се раѓаат во најбогатите германски сојузни покраини Баден Виртемберг и Баварија, во кои живеат претежно - католици.

Како Германците поттикнуваат раѓање деца?