1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да не фрламе употреблива храна?

14 јануари 2019

1.300.000.000 тони употреблива храна годишно завршуваат во отпад. Како да се спречи тоа?

https://p.dw.com/p/3BVup
Lebensmittelverschwendung
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога последен пат сте фрлиле храна? Веројатно не толку одамна. Ние, потрошувачите, всушност сме најголеми „престапници“. Половина од фрлената храна е на товар на домаќинствата. Во Холандија, до пред само неколку години, во кантите годишно завршуваа неверојатни 540 килограми храна по глава на жител. Холандската влада сака да го преполови тоа до 2030 година. Европските парламентарци тоа го бараат и од останатите членки. Бидејќи, додека едни фрлаат храна, други гладуваат.

Темата беше обработена во првата епизода на онлајн-емисијата #Europeo на македонски јазик:

Како да се спречи фрлањето на храна?

Но, има и позитивни примери. Франција им забрани на супермаркетите да ја уништуваат непродадената храна. Храната која сѐ уште може да се употребува мора да се донира. Но, и секој од нас мора нешто да стори:

  • Задолжително направете список за купување!
  • Внимавајте на рокот на траење!
  • Никогаш не купувајте на празен стомак! 

Бидејќи, кога очите се гладни и корпата е преполна. А нешто подоцна и кантата за отпадоци.