Лажни видеа за воени успеси во Украина
23 април 2022Во војна, поддржувачите на едната или на другата страна споделуваат видео стории за „воени успеси“, често измонтирани со музичка подлога. Покрај моралните и етичките прашања поврзани со ширење ваква експлицитно насилна содржина има уште еден проблем – често ваквите воени видеа потекнуваат од сосем различни конфликти. ДВ анализираше еден пример од актуелната руско-украинска војна за да ги испитаме тврдењата кои се содржани во видеото. Исто така ќе ги споделиме и методите и алатките кои ги користевме за проверка на употребените снимки.
Тврдење: неофицијален твитер профил кој ги поддржува воените сили на Украина (@ArmedForcesUkr) со повеќе од 450.000 следбеници го опишува видео клипот од 42 секунди како „хит песна на Територијална одбра на Украинските воени сили.“ За руските војници го користат терминот „орки“. Видеото содржи 16 одвоени сцени од експлозии, смрт и разорување, кои се најчесто направени со дрон, но и сцени од бомби и снајпери. Монтажата е ускладена со весела музика: детски глас пее „Ла,ла,ла убиј го Москалот“, што е етничка навреда на сметка на Русите.
Но, дали на видеото навистина се прикажани успеси на украинската војска?
ДВ факт: манипулација
ДВ се обиде да ги идентификува каде се направени 16те снимки и откри дека барем шест дефинитивно не се од актуелната руско-украинска војна. Една сцена во која се прикажува наводната украинска воена храброст всушност е руски снајперист на дело. Преостанатите 10 снимки се можеби вистинити, но ниту тоа не може да се потврди 100%.
Внимавајте на „официјални“ снимки објавени од неофицијални профили
Корисникот @ArmedForcesUkr нема официјална верификација од твитер, што може да се должи на неверодостојната содржина во клипот. Првата и последната сцена во видео клипот се појавила на дигиталните платформи уште во октомври 2020 за време на војната меѓу Азербејџан и Ерменија. Најмалку една сцена може да се поврзе со официјални азербејџански воени снимки од напад на беспилотно летало Бајрактар кои и Украина исто така ги користи во нападите против руските сили.
Снимката е изманипулирана и има доста изгубено од квалитетот, веројатно заради честото споделување или затоа што авторот сакал да го сокрие нејзиното потекло.
Повеќе: Проверка на факти: Зошто е погрешно тврдењето на Русите дека Украина ја почнала војната
Ноќната снимка која трае 26 секунди веројатно прв пат е објавена уште во февруари 2020 година од страна на рускиот профил „милинфоливе“ на платформите како што се ВКонтакти и Телеграм. На овој пост снимката се опишува како дело на руските специјални сили во Сирија. Според извештаите, снимката ја објавило руското Министерство за одбрана.
Тоа е единствен дел на кој се прикажани луѓе убиени од непосредна близина, а не се гаѓани со проектили од дрон.
Повеќе од една третина од содржината во видеото е лажна
Само 27 секунди од видео клипот кој трае 42 секунди може да поврзат со видеа кои се појавиле на дигиталните платформи дури по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Некои од нив се означени со воден печат @polkazov и може да се поврзат со медиумската операција на украинскиот баталјон Азов. Овие клипови тврдат дека ги прикажуваат нападите на Украина во опколениот град Мариупол во средината на март 2022 година.
Се чини дека некои од снимките се добиени со компилација на нападите од беспилотни летала на украинските воени сили во близина на Херсон од 18 март, 2022 објавени на Јутјуб. Една сцена која очигледно прикажува противтенковски ракетен удар, е објавена на Телеграм на 27 март 2022 од член на украинскиот Комитет за национална безбедност, одбрана и разузнавање, Јуриј Мисјагин.
Во потрага по оригиналните видеа
ДВ го верификуваше материјалот во објавата на @ArmedForcesUkr користејќи обратно пребарување на секој фрејм (секој сегмент од видеото) и секоја сцена за да го лоцираме потеклото на видео содржината. Потоа ги проверивме првите објавени видео снимки, за да утврдиме дали тие се направени пред руската инвазија на Украина во 2022.
Проверка на факти: Проверка на факти: Во Буча нема „живи“ лешови
За тоа постојат неколку корисни веб страни како што се TinEye и Yandex Visual Search како и дополнителни алатки како што е RevEye.
Во виралните видеа, визуелната моќ често триумфира над вистината
Во случајот со видеото од @ArmedForcesUkr, многу корисници на Твитер веднаш коментираа дека клипот содржи слики кои не се од Украина. Како и да е, во моментот на пишување на овој текст видеото е прегледано повеќе од 160.000 пати, при што повеќето корисници ја слават неговата содржина.