1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се победи тремата?

11 јули 2011

Страв, несигурност и возбуденост пред испит или настап пред голем број луѓе. Трема. За професионалните пејачи тоа е душевна состојба која им ја загрозува егзистенцијата. Во Бон постои амбуланта за лекување на тремата.

https://p.dw.com/p/11t22
Lampenfieber Frau rauft sich die Haare
Стравот и возбудата тешко се надминуваатФотографија: picture-alliance/chromorange

Сведоштвата забележани во протоколите јасно говорат за проблемите. Така еден виолинист опишува како му се тресе раката, толку што не може да го држи тонот, а една пејачка вели дека на сцената има чувство како некој да свртел некој електричен прекинувач: тешко дише, воздухот едвај излегува од дишните органи, гласните жици се тресат.

Тоа се само две сведоштва на уметници кои живеат од настап на сцената но, на кои секој настап им е вистински пекол. Секогаш истите симптоми: срцето започнува да чука, им недостига воздух, рацете им се тресат. Уште на пробите, неспосредно пред настапот е се´ во ред, но тогаш одеднаш, на генералната проба или на премиерата – тремата станува неиздржлива. Чист страв - страв од грешки, страв од губиток на контрола во јавноста, страв од бламажа. Единствена желба во тој момент е бегање, желба сето што побрзо да се заврши.

Незгодни пациенти

Dr. Déirdre Mahkorn Fachärztin für Neurologie, Psychiatrie und Psychotherapie Oberärztin der Klinik für Psychiatrie und Psychotherapie
Др. Деирдре МахкорнФотографија: Uniklinik Bonn

На сите нив сака да им помогне Деирдре Махкорн, родена во Ирска, лекар на Одделот за неврологија и психијатрија на Универзитетската болница во Бон. Таа и самата е пејачка, едно време и самата размислувала професионално да се занимава со пеење, но на крајот сепак се одлучила за медицината. Нејзина специјалност е проблемот со тремата и таа ја основала амбулантата за нејзиното совладување:

„Идејата се роди кога разговарав со една пријателка која е уметник. Јас познавам многу пејачи, и маж ми е пејач, и често имам слушано за проблемот пред настапите.Многумина ми имаат кажано: не знаеме што да правиме, кому да се обратиме. И така дојдов на идеја јас да понудам помош. Тоа се многу незгодни пациенти - тие се многу мотивирани и сакаат нешто да променат. Привилегија е со нив да се работи и тоа ми причинува големо задоволство”, вели Махкорн.

Поважно е да се работи со мислите, отколку за надвасување на стравот

Во меѓувреме во нејзината амбуланта навраќаат повеќе од 40 пациенти од цела Германија. И тоа со причина - тремата може да се надмине, да се совлада. Но затоа се потребни доста вежби и трпение. Нејзината пракса е во приземјето на Универзитетската болница во Бон, со излез во мала градина – тоа е добро место за разговори, луѓето се чувствуваат заштитени, објаснува Др. Махкорн:

„Најважно е во првиот разговор да се дознае што е можно повеќе за биографските детали од животот на пациентот. Пред се´ тоа се однесува на неговите искуства со стравот - како било во времето кога учел да свири на инструмент, каква била атмосферата во семејството додека бил млад, кои вредности тогаш биле важни, што се очекувало од него. А потоа ги набљудуваме сите конкретни ситуации во кои пациентот го доживеaл стравот. Со тоа можеме понатаму да работиме. Секоја негативна емоција ја следат и негативни мисли, и тука можеме нешто да менуваме. Да се работи со мислите во овој случај е поважно отколку да се работи на надминување на стравот.”

Целта е на пациентите да им се помогне да излезат од маѓепсаниот круг на негативните мисли и чувството на страв. Тоа меѓутоа не е лесно бидејќи тремата во уметничките кругови e се´уште табу тема која се поттиснува колку што е можно повеќе. Не се ретки оние кои поради тоа почнуваат да пијат или неумерено голтаат сретства за смирување.

Враќањето на довербата - приоритет во лекувањето на тремата

***Achtung: Nur zur mit den Rechteinhabern abgesprochenen Berichterstattung verwenden!*** zur Pressemitteilung: http://www3.uni-bonn.de/Pressemitteilungen/309-2010 Psychiaterin und Neurologin Dr. Déirdre Mahkorn sowie Psychologe Martin Landsberg; (c) Gerhard Thuener / UKB Januar 2011
Мартин Лангсбергер се лекува од трема кај др. МахкорнФотографија: Gerhard Thuener/UKB

За лекувањето е најважно на пациентот да му се врати самодовербата - јасно да се анализира изворот од каде тој страв доаѓа и да се пронајдат вежби кои му помагаат во неговото надвладување. Често се користи т.н.„метод на соочување“ – свесно соочување со она од што човекот се плаши. Така на пример еден пејач самиот дошол на идеја делата од кои имал најголем страв да ги изведува како уличен свирач. Зел одмор и тргнал на „турнеја“ низ германските градови свирејќи ги на улиците и плоштадите најтешките изведби, се додека сосема не го изгубил стравот од нив. После тоа можел да се врати во својот оркестар и нормално да настапува. Секој случај меѓутоа е специфичен, нагласува Деирдре Махкорн.


„Зависи од тоа кој колку е погоден. На некои им се доволни два три часа, некои доаѓаат со месеци на терапија и тоа повеќе пати неделно. Повеќето по релативно кратко време или ја завршуваат терапијата, или самостојно продолжуваат со вежбите. А то е всушност и целта., објаснува Махкорн.


Автор: Гудрун Штеген / Светлана Брик

Редактор: Борис Георгиевски