1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канцеларката Меркел пристигна во тридневна посета на Кина

Ева Корел23 октомври 2008

Ова е трета посета на канцеларката Меркел на Кина. Покрај финансиската криза таа на средбите со Претседателот на државата Ху Ѓинтао и со Премиерот Вен Ѓијабао ќе разговара за отворените прашања во билатералните односи.

https://p.dw.com/p/Ff9z
Директниот тон останува и покрај затоплувањето на односите: канцеларката Ангела Меркел во Пекинг ќе разговара и за човековите праваФотографија: AP

Спроти заминувањето за Пекинг канцеларката Ангела Меркел порача дека им се радува на средбите што ја очекуваат. Веројатно се сеќава уште на пофалните зборови од кинескиот премиер Вен Ѓијабао при нејзината претходна посета: „Вие радо зборувате директно и тој стил ми се допаѓа...“

Ваквиот пријателски тон на Ѓијабао не наиде на добар прием во круговите на кинеското раководство, така што овој пат гостинката од Берлин може да очекува постуден прием. Дотолку повеќе што односите меѓу двете земји преживеаја и вистинско ледено доба по приемот на Далај Лама во канцеларамтот во Берлин во септември 2007-та. Дури јасното декларирање на шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер дека Германија ја почитува политиката на „една Кина“ повторно ги смири духовите.

Помирливи тонови од обете страни

China Volkskongress in Peking Flagge und Mao
Колку срдечен ќе биде дочекот: кинеското знаме се крева на плоштадот Тјенанмен во ПекингФотографија: AP

„Сакаме да го свртиме погледот напред. Канцеларката и овој пат срдечно ќе биде пречекана во Кина“ - порача амбасадорот на Република Кина во Берлин, Ма Канронг. Помирливи тонови дојдоа и од Канцеларамтот: Ангела Меркел се труди да создаде реална слика за Кина и сака да подвлече дека Кина е важна за германската надворешна политика. Ваквата изјава е добродојдена во официјален Пекинг: „Сега се разбравме и Германија постојано нагласува дека сака да ги намали разликите во мислењата преку дијалог. Тоа не оди преку конфронтација и вршење притисок, тоа не е исправниот пат!“ - појаснува амбасадорот Канронг. Тој додава и дека германската канцеларка и кинескиот премиер спроти посетата на два пати разговарале по телефон. За подобрувањето на односите зборува и фактот што како претседатело Ху Ѓинтао, така и премиерот Вен Ѓијабао издвоиле по цел час за разговорите со Ангела Меркел.

Политиката и економските интереси рака под рака

Symbolbild China Flagge Euro Wirtschaft
Економската соработка меѓу Германија и Кина и овој пат игра важна улогаФотографија: Bilderbox.com/DW-Montage

Во делегацијата на канцеларката Меркел се и повеќемина германски топ-менаџери, како на пример шефовите на Сименс, Тисен-Круп и Дајмлер. Ним им е јасно дека посетатата на канцеларката им ги отвора понатаму вратите на големиот кинески пазар: „Ние имаме интерес таа земја добро да се развива, затоа што само кога таа добро расте, тогаш растат и нашите шанси за извоз“ - порача Ангела Меркел.