1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневал во Келн: Совети за почетници

28 февруари 2019

На 28 февруари започнува уличниот карневал во Келн. Тоа значи шестдневна, постојана забава. Ви нудиме мал водич за тоа како да се облечете, каде да одите и... како да преживеете.

https://p.dw.com/p/3E6eg
BdT Weiberfastnacht in Köln
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Во 11 часот и 11 минути илјадници карневалисти во Германија ги започнаа традиционалните карневали. На Вајберфастнахт денеска илјадници жени симболично ги заземаат општинските згради и на мажите им ги сечат вратоврските. Од денеска (28.02) до среда, т.н. Среда пепелница, ќе се слави, пее, танцува, а потоа, според обичајот, почнува велигденскиот пост. Доколку сте во Келн или околината, подготвивме неколку практични совети за карневалот: