Карневалот однесен од ветрот!
Песна, танцување: можеше да биде толку убаво, но невремето во повеќе градови им ја помати сметката на карневалистите. Повеќе карневалски поворки беа откажани, другите беа редуцирани.
Откажан!
Розенмонтаг без карневалска поворка всушност е незамислив во карневалските метрополи. Но, бурата „Ружица“ со сила на ветрот од 10 степени според Бофоровата скала, во многу градови, како карневалските упоришта Мајнц и Диселдорф, ги „одвеа“ карневалите.
Опасност од невремето
Одделни карневалисти му пркосат на невремето, како овој Индијанец во Диселдорф. Но, што би се случило ако се скрши гранка на дрво или биде одвеан дел од карневалските возила и падне врз луѓето? Одговорните во Мајнц и во Диселдорф со тешко срце се одлучија да ја откажат карневалската поворка.
Зајадливи мотиви
Некои од карневалските коли со мотиви во Диселдорф беа паркирани на јавни места. Таму батем минувачите можат да ја видат канцеларката Меркел, „прегазена“ од бегалскиот бран.
Од сино кон кафеаво
Идејните творци на карневалски возила во главниот град на покраината Северна Рајна Вестфалија останаа верни на својата традиција и не пропуштија ниту една политичка бризантна тема. Овде е прикажано свртувањето в десно на политичката партија Алтернатива за Германија.
Синоокиот Трамп
И ова возило не помина низ Диселдорф, туку едноставно беше паркирано некаде. Што би рекол претендентот за кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ако се види во ваква верзија?
„Камеле“ без крај
Во Мајнц карневалските возила останаа во халите. Тие беа подготвени за карневалската поворка, натоварени со колачи кои се фрлаат врз маскираните карневалисти. Не само децата, туку и многумина други се прашуваат: што ќе се случи сега со тоните „камеле“ (слатки)?
Келн му пркоси на ветрот
Одговорните од Организацискиот комитте во Келн решија да ја стартуваат карневалската поворка, но без коњи, без големи фигури или знамиња. Инаку, важи мотото: Нема лошо време, постои само несоодветна облека.
Трпение и чевли отпорни на вода
Кај гледачите на цена се непропустливи чевли. Притоа, туркањето и натпреварот да се фатат повеќе „камеле“ (сталки), оваа година во Келн беше помало од обично.
Зголемена присутност на полицијата
Поради сексуалните напади во новогодишната ноќ во Келн и латентната опасност од терор, полицијата во Келн се реши на засилено присуство на улиците.
Шарени чадори
Непоправливите маскирани карневалски славеници не дозволуваат да им се помати расположението ниту од ветрот ниту од невремето или терористичката опасност. Чадори во живи бои и чаша келнско пиво, „келш“, одат заедно со песна.