1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким наредил подготовки за вториот самит со Трамп

СН/ агенции
24 јануари 2019

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изразил „огромно задоволство“ од писмото што го примил од претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој веќе се занимава со техничките подготовки за состанокот со Трамп.

https://p.dw.com/p/3C5qO
Nordkorea Pyeongyang - Kim Jong Un im Gespräch mit Südkorea
Фотографија: picture-alliance/Yonhab

Како што јавуваат севернокорејските државни медиуми, Ким бил многу задоволен од „доброто лично писмо“ од Трамп. Тој изнесол големи пофалби за американскиот претседател, поради неговата невообичаена решителност и неговата волја за решавање на проблемите.

Писмото на Ким му го донесе неговиот близок соработник Ким Јонг Џол, кој минатата недела се сретна со Доналд Трамп во Белата куќа. Американскиот претседател по средбата изјави дека вториот самит со Ким веројатно ќе се одржи на крајот на февруари.

Kim Yong Chol
Ким Јонг ЧолФотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo

Како можно место на одржување на средбата се споменува Виетнам. Севернокорејските државни медиуми пренесуваат дека Ким изразил задоволство од разговорите во Вашингтон и распределил задачи за добри технички подготовки за вториот самит.

Повеќе:

-Ким бара втор самит со Трамп

-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време

-Трамп и Ким договорија „целосна денуклеаризација“ на Северна Кореја

Двете земји работат на договорот за денуклеаризација на Северна Кореја за да му стават крај на повеќедецениското непријателство.

Bildergalerie Kim Trump
Фотографија: Reuters/J. Ernst

Лидерите на САД и на Северна Кореја за првпат се сретнаа во Сингапур во јуни минатата година. Тогаш потпишаа прилично неодреден документ во кој Ким се обврза на денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но без конкретни ветувања до кога комунистичката земја ќе се разоружа од атомскиот арсенал и како би изгледале отстапките кои за возврат би требало да ги направи Вашингтон.