1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина се реваншира за американските царини

ЖА / агенции
2 април 2018

Реагирајќи на казнените царини на американскиот претседател, Кина исто така воведе економски мерки против САД. Пекинг истакнува дека не сака трговска војна, но мора да се штити.

https://p.dw.com/p/2vMeX
China Container-Hafen
Фотографија: Reuters/China Daily

Кина донесе одлука за царинење на 128 американски производи во висина помеѓу 15 и 25 проценти, соопшти кинеското Министерство за финансии. Засегнати се, меѓу другото, свинското месо, виното и овошјето кои од САД се увезуваат во Кина, а вкупната вредност на стоките достигнува околу три милијарди долари, јавува кинеската новинска агенција Шинхуа.

Владата во Пекинг реагира со воведување царини за американски производи откако пред една недела во сила стапија одредбите со кои САД воведоа казнени царини за челик и алуминиум. За разлика од Кина, на удар на американските мерки не се најде ЕУ, како и неколку други важни трговски партнери на Вашингтон, како Канада и Мексико. Но, поштедата не е долготрајна, засега таа е ограничена до 1. мај.

Повеќе: 

Пекинг е спремен за влез во трговска војна со САД

Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина

Казнени царини: Германските автопроизводители не се плашат од заканите на Трамп

Пекинг сѐ уште не најави други конкретни контрамерки во однос на од американскиот претседател Доналд Трамп најавените царини кон Кина, во опсег од околу 60 милијарди долари. Преговарачот на Трамп во трговските прашања, Роберт Лајтхајцер, кој мерките ги оправда со кинеските нечесни трговски практики и кражбите на интелектуална сопственост, треба во рок од два месеца да подготви предлози за натамошни царини кон Кина.

Пекинг го повика Вашингтон да се воздржи од натамошни царински мерки против Кина. Желба е да се избегне почеток на трговска војна, но Пекинг „апсолутно нема никаков страв од трговска војна со САД“, изјавија неодамна од кинеското Министерство за трговија. 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид