1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клоп ќе се чувствува како дома во Ливерпул

Марк Халам/БГ9 октомври 2015

Клуб, град, химна, навивачи- сѐ во врска со бракот Клоп-Коп делува како одлична врска. Или барем само така, низ своите „розови“ очила на навивач на Ливерпул, на работите гледа Марк Халам

https://p.dw.com/p/1GlSS
Фотографија: Getty Images/A. Livesey

Последната посета на Јирген Клоп на Енфилд, за пријателски меч во летото 2014 година, заврши со пораз од 4:0. Немаше многу причини да биде задоволен, но камерите го „уловија““ Клоп како го гали симболот на Енфилд на пат кон теренот.

Љубовта речиси и да можеше да се почувствува. Дури и „Echte Liebe" (вистинска љубов)? Подоцна застана на средината на теренот, со рацете на колковите, и ја скенираше публиката. Уште тогаш призна дека е љубител на Ливерпул.

Јирген Клоп не можеше да замине во Манчестер Сити или Челзи. На секој домашен меч, ќе се чудеше дали сите оние навивачки песни од јужната трибина (во Дортмунд) му го оштетиле слухот. „Каде е сета онаа врева?“

Иако на прес-конференцијата се опиша себеси како „нормалниот“, наспроти „специјалниот“ како што себеси се опишува тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, Енфилд ќе му го понуди на Клоп земјотресот кој тој го очекува на натпреварите пред домашна публика, и нема дилема дека првите песни кои ќе му бидат посветени нему веќе се пишуваат во баровите на Мерсисајд. Уште поважно, навивачите громогласно ќе ја пејат „Никогаш нема да одиш сам“ (You'll Never Walk Alone) пред почетокот на секој мел, исто како и жолто-црната армија во Рур. Навивачите на Енфилд ја бараат истата целосна физичка посветеност од играчите која ја бара и Клоп, и исто како и јужната трибина, тие ќе помогнат тоа да се случи.

Поправање на репутацијата

Англиската Премиер лига никогаш не била имуна на увезен талент на теренот и околу него. Но Германија никогаш не била добро претставена, особено не на тренерската клупа. Досега, само Феликс Магат ја имаше таа улога но не успеа да го спаси Фулам од испаѓање од лигата. Шансите се подобри за Клоп. Тој не наследува тим во голема опасност, а очекувањата треба да бидат реални во првата сезона.
Ливерпул не е познат како клуб кој често менува тренери, иако традицијата на промовирање на тренери од сопствениот погон е одамна напуштена. Претходникот на Клол, Брендан Роџерс беше три години на клупата. Претходно, славните Жерар Улие и Рафа Бенитез го водеа тимот по шест години.

Deutsche Welle Englisch Fußball Mark Hallam neu
Марк Халам

Само една цел!

Како и во Дортмунд и во Мајнц претходно, Клоп ќе има време да се аклиматизира и да гради. Но, порано или подоцна, ќе мора да ја разбие „клетвата“. Навивачите на Борусија Дортмунд чекаа 9 години пред Клоп да им ја донесе титулата во 2011 година. Црвените од Ливерпул, долго најуспешниот британски клуб, се без титула веќе четврт век. Кога Ливерпул последен пат победи во лигата таа се уште се викаше Прва дивизија, а 22-годишниот Клоп беше на пат кон Мајнц како второлигашки фудбалер.

Оттогаш Ливерпул освои многу купови, меѓу нив и Лигата на Шампионите- но вистинската голема награда му бегаше, а уште пострашно, историскиот ривал Манчестер Јунајтед го презема тронот.

Доколку успее да го разбие 25-годишниот баксуз, а многу добри луѓе пред него се обидоа- Клоп ќе може да сведочи на прослава која ќе биде еднаква дури и на „лудилото“ во Дортмунд при прославите на титулите во 2011 и 2012 година. Доколку успее во тоа, Енфилд ќе биде негов дом за цел живот.