1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСрбија

Ковид-19: Алармантна состојба во Србија

Ибро Сефери | Деана Павловиќ
18 јули 2020

Поради лошата епидемиолошка ситуација ЕУ ја тргна Србија од листата на безбедни земји. Бројот на заболени секојдневно забрзано расте, заразени се стотина лекари. Пред болниците граѓаните со часови чекаат да се тестираат.

https://p.dw.com/p/3fTqp
Serbien Nis | Coronavirus | Desinfektion medizinisches Personal
Фотографија: DW/J. Djukic Pejic

Ана Пиндовиќ студира глума во Белград. За време на пробите за претстава добила силна кашлица. Кога отишла да се тестира на коронавирусот, доживеала вистински шок. „Некако сите заборавивме на таа корона. Најмногу се уплашив кога отидов во студентската поликлиника да се прегледам и кога видов голема редица, голем број луѓе кои чекаат да се тестираат“, ни раскажува таа.

Вториот шок го доживеала кога стигнал резултатот од тестот - позитивен. Ана за среќа поминала со поблаги симптоми, што не е случај кај поголемиот број нејзини врсници. 

Вирусот беснее

Секој трет млад човек завршува во болница со потешка клиничка слика. Ситуацијата од ден на ден е сѐ полоша. Болниците се полни, бројот на пациенти на респиратори расте, ситуацијата во целата земја е алармантна.

Повеќе:

-Во Србија беснее коронавирусот и врие гневот кај народот

-Србија и Балканот ја губат контролата над коронавирусот

-Србија: Спонтан протест и (не)контролирано насилство

На Владата на Република Србија и на нејзините официјални лица не им преостанува ништо друго освен да ги молат своите граѓани да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат препораките.

„Апелирам до сите граѓани на Србија да бидат максимално сериозни. Ова е борба на сите нас, секој поединец, за целото наше општество, за нашата земја, за помош и поддршка на нашиот здравствен систем. Ве молам да бидете, ве преколнувам вас граѓаните на Србија да бидете максимално дисциплинирани“, рече премиерката Ана Брнабиќ.

Заразени стотина лекари

Епидемиологот Предраг Кон и неговите колеги деновиве имаат полни раце работа. Досиејата со податоци на пациентите се полнат од ден на ден. Во меѓувреме стотина лекари се заразени со Ковид-19. „Кадровски е максимално пренапрегнато. Луѓето даваат сѐ од себе. Во такви услови не можеме да кажеме дека 'сѐ е под контрола'“, изјави доктор Кон за ДВ.

Ковид-19 ја промени сликата во целиот свет. Ана го прележа коронавирусот, но уште долго, за жал нема да може да излезе и да настапува пред публика.