Ковид-19: Катастрофа за цела генерација ученици
4 август 2020Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека пандемијата на коронавирусот доведе до најголемо пореметување во образованието во историјата со затворени училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули што погодува над милијарда ученици.
Покрај тоа Гутереш истакна дека најмалку 40 милиони деца ширум светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година“.Како последица на тоа тој предупреди оти светот се соочува со „генерациска катастрофа која би можела да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да подрие децении на напредок и да ја засили врежаната нееднаквост.
„Се наоѓаме во одлучувачки момент за децата и младите во светот“, рече Гутереш во видео-порака при лансирањето на кампањата на ОН „Да ја спасиме нашата иднина“.
Повеќе:
-На училиште и покрај Ковид-19: како ќе функционира тоа?
-За што ќе заѕвони– за онлајн, офлајн или комбинирана настава?
-Пандемијата и родителите: Кој да не спаси од децата?
Тој рече дека одлуките кои владите и партнерите сега ги донесуваат ќе имаат трајно влијание на стотици милиони млади луѓе и на развојните изгледи на земјите во децениите кои доаѓаат.
Гутереш изјави оти враќањето на учениците во училниците треба да биде „главен приоритет“.„Кога локалниот пренос на Ковид-19 ќе се стави под контрола враќањето на учениците во училиштата и во образовните институции што е можно побезбедно мора да биде главен приоритет“, изјави шефот на ОН и додаде дека консултациите со родителите, старателите, наставниците и младите се од основна важност.