1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Над четвртина милион починати во светот

СН/дв | агенции
5 мај 2020

Од избувнувањето на пандемијата на крајот на годината, повеќе од 250.000 луѓе ширум светот починале по заразувањето со новиот коронавирус. САД се земјата со најголем број смртни случаи од Ковид-19.

https://p.dw.com/p/3bmFQ
USA Baltimore Johns Hopkins University
Фотографија: AFP/Getty Images/R. Carr

Според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“ од американскиот град Балтимор, бројот на досега заразени од новиот коронавирус ширум светот изнесува околу 3,6 милиони. Освен тоа, унивезитетот бележи близу 252.000 смртни случаи.

Бројките на инфецирани и на починати кои ги објави универзитетот се генерално повисоки од оние на Светската здравствена организација (СЗО) затоа што тие редовно се ажурираат.

Во некои случаи, меѓутоа, бројките неодамна беа ревидирани надолу. СЗО до вчера пријави повеќе од 3,4 милиони потврдени инфекции и скоро 240.000 смртни случаи.

САД се особено погодени

Најголем број од смртните случаи во пандемијата на коронавирусот,  околу 69,000, се регистрирани во Соединетите Американски Држави, каде што бројот на откриени инфекции е нешто помалку од 1,2 милиони, што исто така е најголема во споредба со останатите земји.

Coronavirus New York Hart Island Anlegen von Massengräbern für die Opfer
Фотографија: Reuters/L. Jackson

Повеќе:

-Германија: Незадоволните сѐ погласни, нови ублажувања сѐ поизвесни

-„Вакцина за сите по фер цена“

-Како ќе се патува со авион во време на корона?

Европа останува најсилно погоден континент од пандемијата. Досега во Европа има преку 145.000 жртви и речиси 1,6 милиони заразени. Во Германија, бројот на потврдени инфекции се зголеми за 685 на 163.860, објави надлежниот институт „Роберт Кох“ (РКИ). Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за 139 на 6.831. Според универзитетот Џонс Хопкинс, тој изнесува е 6993. И информациите на  универзитетот и на РКИ, исто така, редовно се разликуваат заради различните прибирања на податоците.

Споредбите меѓу одделните земји - особено врз основа на апсолутни бројки, како за заразените така и за починатите- се покажаа тешки,. Не само што структурите на население се различни, туку и различни држави се наоѓаат во различни фази на пандемијата а се разликуваат и по бројот на извршени тестови. Покрај тоа, постои очекувано голем  број на недијагностицирани инфекции.