1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку трошат Германците за храна?

Среќко Матиќ | Сања Благојевиќ
25 мај 2018

Секој втор Германец редовно конзумира месо и месни производи. Но, сепак сѐ повеќе се води сметка за здравата исхрана. Како Германците навистина се хранат? Колку пари трошат за исхрана?

https://p.dw.com/p/2yJGd
Symbolbild Konsum, Einkaufen, Löhne, Kaufkraft
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Baumgarten

Иако конзумирањето на месо опаѓа, Германците и натаму јадат повеќе отколку што би требало. Просечен Германец јаде околу 60 килограми месо годишно. Од пред неколку години овошјето и зеленчукот заземаат главно место на поголемиот број германски трпези.

#DE_Facto: Како се хранат Германците?

Освен тоа, Германците се и големи љубители на млеко и млечни производи. 65% од Германците ги конзумираат секој ден, што е малку повеќе отколку пред една година. Истовремено 19% од Германците не можат без слатки, 10% без тестенини и 7% без компир.

Кој сака да се храни здраво, мора да подлабоко да посегне во џебот. За потребата на еден експеримент, една 35-годишна жена и нејзиниот 10-годишен син купувале здрава храна во дисконтни супермаркети по препорака на Германското здружение за исхрана.

За храна произведена на традиционален начин им биле потребни 250 евра месечно, додека за истите производи, но од органско потекло и производство, им биле потребни 300 евра. Од друга страна, некој кој сака да се храни исклучително нездраво може да преживее и со помалку од 200 евра месечно.