Комисијата за човековите права оддржа куса седница во Женева
13 март 2006Отварањето на седницата траеше само четири минути. Моменталниот претседател со комисјатa, Перуанецот Мануел Куадрос соопшти дека станува збор за вонредна ситуација. Eрменскиот амбасадор Зограб Мнатсаканиан поднесе барање за она што сите го очекуваа
„Со поглед на моменталните состојби за преодот и реформата на гремиумот, согласно со советувањата од мината недела, кои ги имавме во канцеларијата на комисијата, а да се овозможи смисловна и ефективна натамошна работа на 62 седница на комисјата, барад оложување согласно со правилото 48.“
Дискусија повеќе немаше, конечно дипломатската машинерија во Женева изминатива недели доволно беше загреана во напорите, да се најде излез од ситуацијата: Времето на оспорувааната комисија за човекови права е минато, но нејзиниот наследник, новиот Совет за човекови права сеуште не е на повидок. Со оглед на оваа ситуација, одложувањето се чинеше како корисен комрпомис.
Советот за чоекови права уште одамна требаше да биде завршена работа, но преговорите во Њујорк во моментов се блокирани. Пред се поради прашањето кој треба да седи во новиот Совет, кое е жестоко оспорувано. Компромисниот документ предвидува, членовите да бидат избрани со 50 проценти гласови во Генералното собрание на ОН. Но САД бара три четвртинско мнозинство и не е подготвена да гласа за компромисот.
Прашањето за членство е централно за новиот совет. Имено во старата Комисија седат повеќе држави кои систематски ги повредуваат човековите права или пак не ги почитуваат и се штитата од осуди. САД И ЕУ од друга страна не се доволно силни за да претставуваат противтежа. Никој помалку отколу генералниот секретар на ОН Кофи Анан сега изрази осуда на комисијата
„Комисијата додуша има и силни страни. Но истовремено веќе не може соодветно да одговори на нејзините задачи со оглед на новите потреби. Таа е надмината со политизирање и селективност на нејзината работа. Стигнавме до точка кога опаѓачката веродостојност на комисијата фрла сенка врз целиот систем на Обединетите Нации.“
Со изборот преку Генералното собрание постои надеж дека во Советот ќе членуваат држави кои вистински се залагаат за човековите права. Во Женева пак постои надеж дека уште неделава во Њујорк ќе биде донесена одлука. Имено многу од учесниците имаат спортивставени интерес. Од една страна никој повеќе не сака вистинска седница, од друга Комисијата се уште е официјалниот гремиум на Обединетите Нации за човекови права.