Кому навистина му е потребна трета доза од ковид-вакцината?
14 јули 2021Пред да се вознемирите или загрижите: Досега воопшто не е кажано дека сите вакцинирани со Бионтек/Фајзер всушност имаат потреба од дополнителна засилувачка вакцина.
Две фармацевтски компании планираат да развијат дополнителна вакцина со оглед на налетот на сојот Делта. Меѓутоа, ако коронавирусот не се промени суштински во структурата и во состојбата како резултат на мутации, само на луѓето со слаб имунолошки систем, како што се постари лица или пациенти кои го ослабуваат својот имунолошки систем со земање одредени лекови, можеби ќе им треба дополнително вакцинирање. Ова е резултат на американска студија за долгорочните ефекти на иРНК вакцината, завршена кон крајот на јуни.
Сојузната агенција за храна и лекови на САД (ФДА) и здравствената служба на САД во заедничка изјава одговорија со соодветна доза на претпазливост на минатонеделното соопштение на Фајзер и Бионтек : „Според досегашните информации, на целосно вакцинираните Американци не им се потребни дополнителни вакцинации, се вели во соопштението. Но, подготвени сме да администрираме дополнителни дози доколку научните докази покажат оти се потребни. Американските здравствени власти го разгледуваат ова прашање, но не се потпираа само на податоците од фармацевтските компании“, беше наведено во соопштението. Слична порака во врска со можната трета доза од вакцината, упати и американското министерство за здравство по вчерашната средба со претставници на Фајзер.
Опаѓачко заштитно дејство, вели производителот
Фајзер и Бионтек поаѓаат од тоа дека ќе биде намалено дејството на нивната вакцина против коронавирусот 6 месеци по вакцинирањето. „Како што веќе стана јасно од податоците за практичната примена кои ги собра израелското Министерство за здравство, заштитното дејство на вакцината против инфекцијата и симптоматските болести се намалува 6 месеци по втората доза од вакцината“, се наведува во заедничката изјава на двете компании.
Повеќе: Колку дози на вакцина се потребни за да нѐ заштити од Ковид-19?
Врз основа на досега достапните податоци, веројатно „ќе биде потребна трета доза во рок од 6 до 12 месеци по целосната вакцинација“. Истовремено, двете фармацевтски компании претпоставуваат дека со третата доза ќе се добие најголема заштита од сите досегашни соеви на коронавирусот, односно, и од делта сојот, се наведува во соопштението.
Што носи третата „бустер-вакцина“?
Таканареченото засилено дејство во вакцинирањето (бустер ефект) против коронавирусот обично е започнато веќе со втората доза од вакцината: Ако повторно дојде до контакт со ист патоген - без разлика дали поради втората вакцинација или инфекција - одговорот на имунолошкиот состав се засилува и се забрзува.
Оваа реакција започнува со создавање на таканаречени мемориски станици за време на првата реакција. Мемориските станици го препознаваат повторно антигенот и можат многу побрзо да реагираат да го уништат патогенот. Затоа втората вакцина е толку важна за сите. И поради тоа и оние кои веќе биле заразени со коронавирусот ја примаат само оваа втора вакцина, бидејќи нивното тело веќе го знае патогенот.
Повеќе: Израел: Вакцината Бионтек/Фајзер помалку ефикасна против Делта-сојот
Кај некои вакцини, на пример како за сипаници, една вакцинација трае цел живот. Останатите вакцини, како оние против тетанус, требаат да се обноват на секои 10 години.
Актуелната расправа покажува дека сигурните податоци за долгорочното дејство на вакцините против САРС-КоВ-2 досега се достапни само во ограничена мерка, бидејќи соодветни долгорочни податоци неизбежно сѐ уште недостасуваат и бидејќи обично постојат различни податоци за соодветните старосни и ризчни групи. Особено кај луѓето со ионака ослабен имунолошки систем, како постарите лица, имунолошкиот одговор некогаш не е толку силен.
Согласно со тоа може да се случи тимовите за вакцинирање можеби повторно да мораат да одат во домовите за стари лица наесен, бидејќи токму овие ризични групи кои имаат слаб имунолошки систем се оние на кои можеби ќе им биде потребно дополнително засилување, односно, дополнителна вакцина.
Поголем ризик од нерамномерна распределба на вакцините
Глобално гледано, расправата за можно дополнително вакцинирање доаѓа во несоодветно време. Иако во многу индустријализирани земји секој жител требаше да добие понуда за вакцинирање до крајот на летото, многу сиромашни земји во Азија, но и во Африка или во Латинска Америка, сѐ уште неможат да започнат со вакцинирање поради недоволно вакцини.
Повеќе: Пружаат ли вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна трајна заштита од коронавирус?
Според студијата која неодамна е објавена во научниот часопис Лансет, најбогатите земји во светот, во кои живеат едвај 16 отсто од светската популација, обезбедиле околу 70 насто дози на вакцини од петте, во моментов, водечки вакцини на пазарот. Според наводите на СЗО само 0,2 отсто од сите вакцини против коронавирусот се распоредени во сиромашните земји. Врз основа на овие податоци масовната вакцинација во овие сиромашни земји најрано би можела да започне во 2024 година, наведува весникот Економист.
Притоа, тука не се работи само за прашањата за правда: глобалната пандемија ни оддалеку не е завршена. Ако продолжат мутациите на вирусот толку брзо да се шират во сиромашните земји поради недостаток на вакцини и сѐ повеќе да се прилагодуваат на луѓето, тоа среднорочно повторно би можело да стане сериозен проблем и за богатите земји.