1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комунист на ватиканскиот престол?

Анѓелко Шубиќ/ Жана Ацеска11 декември 2013

И во Германија со голем интерес и наклоност се слуша секој збор на папата Франциско. Дотолку е поголем гневот на конзервативните кругови на Апостолското писмо во кое капитализмот се нарекува крадење од сиромашните

https://p.dw.com/p/1AX8o
Фотографија: Getty Images

Пред овој документ на папата Франциско,во германските медиуми едвај да можеа да се најдат дури и жалопојки поради заминувањето на „германскиот папа“ Бенедикт 16. Но, програмскиот документ на папат Франциско предизвика бурни реакции, овојпат на странциите за економија во германските весници. Зашто, кога верскиот поглавар на католиците слободниот пазар го нарекува „тиранија“, тогаш во овдешните конзервативни кругови завршува секоја шега и теолошка дебата. Конечно, Германија е богата земја која за својот имот во добар дел може да му се заблагодари на извозот на луксузни производи, токму такви кои папата ги осудува. А и политички тука се отвораат незгодни прашања. Владејачката партија на канцеларката Ангела Меркел во себе носи назнака христијанска - Христијанско-демократска унија, и што сега, по ова Апостолско писмо? Треба ли канцеларката да ја прифати тезата „кога нашиот имот не го споделуваме со сиромашните, значи дека од нив се краде, зашто имотот кој го поседуваме не ни припаѓа нам, туку ним“, и воопшто, дека постојниот економски систем е „неправеден во корен“?

Секој пазар води кон поделба

Излегува дека некои весници, како познатиот и конзервативен „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ практично на два начини известуваат за истиот документ на папата Франциско: додека на страниците каде се следат верските збиднувања главно позитивно се известува за желбата на папата да им ја врати црквата на сиромашните и за сиромашните, на странциите за економија се читаат многу остри критики кон папата и неговото Апостолско писмо. Конкретно, во врска со тезата за имотот како „кражба од сиромашните“, новинарот Рајнер Ханк потсетува дека тоа е всушност цитат од теологот и мистик, Свети Иван Злаотуст и дека низ историјата постојано наново се појавува таа идеја за неккаов христијански комунизам, каде единствениот пат на спас води низ сиромаштија. Зашто, секој пазар и претприемаштво, според природата на работите, водат кон нерамноправност и поделби на богати и сиромашни.

Тука всушност, потсетува новинарот од ФАЦ, не постои разлика меѓу католиците и протестантите (Меркел е на пример протестант), зашто и Лутеровци остро го напаѓале стекнувањето богатство.

„Кога веќе по природа не би биле скруполозни, тогаш веќе приватниот имотби бил доволен грев за Божја клетва. Зашто, од она што тој ни го дава бесплатно, ние создаваме омот“, пишуваше реформаторот Хулдрих Цвингли на почетокот на 16. век.

Papst Franziskus in Assisi 04.10.2013
Фотографија: picture alliance/abaca

Богатото општество е збир на имотни луѓе

Од друга страна, Ханк го цитира и Ниче, кој го обвинува христијанството за пропаста на Римското царство зашто тоа се залагало за Божја држава и ги релативизирало земските збиднувања. Ноторен факт е дека секоја утопија пропаѓала кога се поставувало прашањето на приватната сопственост, а и случувањата во Кина во последните неколку децении уште еднаш покажуваат - богато општество е можно само како збир на имотни поединци.

Затоа на конзервативните кругови повеќе им се допаѓаат зборовите на папата Јован Павле Втори - конечно, Војтила живееше во социјалистичка Полска, па во својата енциклика Centesimus Annus напиша дека „сигорноста на личната слобода и сопственост, како и стабилната вредност напарите“ се претпоставка за слободен пазар. Бергољо пак, велат критичарите, би требало да се сети на финанискиот колапс на неговата Аргентина каде дури либерализацијата на пазарот доведе до економско опоравување. Навистина, би можело да се дискутира околу правните причини кои доведоадо платежна неспособност на Аргентина во 2001. година, но во Германија со месеци меѓу најпродаваните книги е и онаа на долгогодишниот дописник на весникот „Билд“ од Ватикан, Андреас Инглиш - „Франциско, знаци на надеж“. Во неа тој се занимава со обвинувањата за „комунизам“и папата и со целата теологија на ослободување која е толку раширена низ Јужна Америка.

Вие Европејците, немате поим!

Инглиш во својата книга цитира цела низа свештеници и монаси од тој континент кои во обвинувањата за некаков „комунизам“ гледаат ненаква глупости проблем што луѓето во Европа, значи во Ватикан, немаат многу врска со реалноста на другите континнети. Ако овдешните конзервативни експерти за економија потсетуваат на социјалистичкото минато на папата од Полска, Инглиш ги цитирамонасите од Куба кои живеат во илегала, во страв од полицијата и во цивилна облека, кои исто така тврдат дека ставовите на бившиот аргентински кардинал немаат врска со комунизмот.

Зашто, Јужна Америка е подрачје на големи разлики меѓу богатите и сиромашните, а таму навистина има сиромаштво, во ЕУ сме заборавиле што значи кога децата буквално немаат што да јадат. Еден свештеник, како што е Бергољо, кој порадо во недела одел во населбите на сиромашните отколку да седне на богата трпеза на пребогатите сонародници, едвај да може да се мери со некои идеолошки мерила кои се познати во Европа.

„Разделете се‘ на сиромашните и следете го Христос“, секако не е повик кој лесно би се следел, а никогаш и не бил. „Христијанскиот комунизам“ не функционираше баш ни меѓу следбениците на Фрањо Асишки и тешко дека ќе настапи и по Апостолското писмо на папата Франциско. Но, ако за тоа барем се дискутира и во богатите земји, како Германија, ни тоа не мора да биде лошо.