1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондово станува политичка провокација

7 септември 2005

Црвенковски вторпат јавно изрази сомневање дека владата не само што го маргинализира безбедносно,туку од случајот Кондово предизвикува уставна криза.

https://p.dw.com/p/AcjA

Случајот Агим Красниќи и Кондово во Македонија од безбедносен станува политичка провокација, која оди во прилог на медиумските стории за можен судир меѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски,но и меѓу власта и опозицијата.

Црвенковски вторпат јавно изрази сомневање дека владата не само што го маргинализира безбедносно,туку од случајот Кондово предизвикува уставна криза.Од владиниот кабинет на Бучковски брза реакција-упатување на Црвенковски да покрене иницијатива пре уставниот суд за прекршување на уставноста.

Красниќи по кого во меѓувреме беше укината потерницата за делата насилство,тероризам,изнуда,мирно седи во Кондово и чека судење во октомври.