1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција на ОН за климата во Бон

17 мај 2005

„Затоплувањето на Земјината топка со сите катастрофални последици од него е веќе наша горчлива реалност.„ Затоа се неопходни натамошни меѓународни напори и по истекувањето на Договорот од Кјото – порача германскиот Министер за екологија Јирген Тритин на дводневаната Конференција на ОН посветена на климатските промени што вчера и денес се одржува во Бон.

https://p.dw.com/p/AexT
Јиргин Тритин, Министер за екологија
Јиргин Тритин, Министер за екологијаФотографија: AP

Договорот од Кјото, кој предвидува намалување на издувните гасови што предизвикуваат затоплување на Земјата за 5,2% до 2012 година, може да биде само прв чекор. Без продолжување на процесот меѓутоа и сегашните мерки стануваат бесмислени, нагласи Јирген Тритин. При тоа многу важна цел е вклучувањето на САД во меѓуанродните договори за заштита на климата, оценија германскиот министер за екологија и раководителката на Секретаријатот на ОН за прашања на климата, Џоук Волер Хантер.

Како ориентација во натамошната работа мора да биде ограничувањето на глобалното затоплување на помалку од 2 степена целзиусови во однос на ерата пред индустријализацијата. Зашто ако продолжи сегашниот тренд на затоплување, светот може во догледна иднина да остане без амазонската прашума како бели дробови на планетата, без ледената покривка на Гренланд и без Голфската струја во Атлантикот.

„Под сомнение се наоѓаат гасовите што ја затоплуваат атмосферата, кои овде долу водат кон повишени температури, а таму горе во обвивката, каде што е озонот, до прениски температури„ – појаснува Петер фон дер Гатен од германскиот Институт за Поларни и морски истражувања.

Метеоролозите прогнозираат дека подрачјето на Атлантскиот океан и Карипските острови и годинава ќе ги погодат повеќе урагани. Во периодот меѓу јуни и ноември се очекуваат повеќе од 15 тропски бури, од кои пет ќе достигнат катастрофални размери со брзина од преку 180 км на час. Лани ураганите Чарли, Францис, Иван и Џини во рок од шест недели однесоа преку 200 животи, без покрив над главата оставија илјадници, а мораа да бидат евакуирани преку 10 милиони жители на Флорида и Карипските острови. Штетите се проценуваат на 45 милијарди долари.