1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Не се заразувајте!

Фабијан Шмит
29 јануари 2020

Ситуацијата со корона-вирусот е како онаа со цените на акциите - помалку е важно што навистина се случува, отколку какви се очекувањата на публиката. И оваа епидемија ќе дојде и ќе помине, смета Фабијан Шмит.

https://p.dw.com/p/3WxCT
BG Alltag in der abgeriegelten Stadt Wuhan
Фотографија: Getty Images

Да, тоа навистина може да ве исплаши. Новиот корона-вирус (nCoV) се чини дека се шири многу брзо и бројот на починати постојано се зголемува. Драстичните мерки на кинеската влада, кои во карантин ставија 43 милиони луѓе, сигурно се ефикасни за делотворно запирање на ширењето на вирусот.

И ако навистина се успее, населението во провинцијата Хубеи и другите погодени области во голема мерка да биде ставено во куќен притвор неколку недели, заразата дури може да престане да се шири побрзо отколку што понекогаш се мисли.

Инфицирани од страв

Но, вирусот е како курсот на акциите: за неговата висина и ефективноста помалку одлучува реалноста и трезвениот ум, отколку очекувањата. Заштитната маска стана симбол на ова очекување: кој ја носи, покажува дека тој веќе дозволил да биде заразен.

Повеќе на темата:

-Страв од корона-вирусот – што мора да знаеме

-Фотографија на денот: Корона-вирусот стигна во Германија

-Кинезите и корона-вирусот: Кому да се верува?

Во секој случај, едно е јасно: решителните чекори преземени од кинеската влада имаат трајно влијание, ширум светот. Бидејќи стравот од nCoV се шири дури и побрзо од самиот вирус.

Длабоко вдишете и издишете!

Можеби прво треба да земеме длабок здив - без заштитна маска - и ситуацијата да ја набљудуваме подлабоко од она што го гледаме во вестите: корона-вирусите долго се сметаа за релативно безопасни и нормални предизвикувачи на настинка - со кои секогаш одново се соочувавме.

Schmidt Fabian Kommentarbild App
Фабијан Шмит, автор на коментарот

Но, вирусите се лесно променливи и можат да мутираат во опасни форми, како што неколкупати се покажа во 21 век. Епидемиите на зарази пренесени од животни - САРС и МЕРС, исто така го променија јавниот имиџ на корона-вирусите.

Двете варијанти на вируси беа навистина опасни. Од САРС почина секој десетти инфициран пациент. Кај МЕРС, бројките површно изгледаа уште подраматични: една третина од оние кои отидоа на лекување починаа од патогенот пренесен од камили.

Игри со бројки

Но подоцна се покажа дека на Арапскиот Полуостров имало многу, многу повеќе луѓе кои биле заразени со МЕРС, но никогаш не покажале силни симптоми. Никогаш не морале да одат на медицински третман. И слично на MERS може да биде сега и со nCoV. Бројот на третирани пациенти и смртните случаи за волја на вистината деновиве драматично се зголемуваат. Но, тоа е главно затоа што епидемијата е среде фазата на ширење. Како и секоја епидемија, таа порано или подоцна ќе престане да се шири, бидејќи инфицираните луѓе ќе развијат имунитет. А дури и сега, nCoV може да се покаже како помалку опасен. Според официјалните бројки, еден од 40 заболени умира од вирусот. Со тоа новиот корона-вирус е значително помалку опасен од САРС или МЕРС.

Притоа, меѓутоа, сѐ уште не се зема предвид фактот дека многу болни луѓе во Вухан или други погодени области во Кина едноставно остануваат дома и се лекуваат, бидејќи во секој случај нема делотворни лекови за вирусот. Оние кои поради особено тешкиот тек на болеста одат во болница, веројатно се само врвот на ледениот брег. А сите други едноставно не се вклучени во статистиките.

Подобро мислете на грипот

Ако и тие се вклучат во пресметката, може дури да се покаже дека nCoV  не е многу поопасен од обичниот грип, кој сезонски патува низ светот од година во година и, во зависност од варијацијата, може да убие илјадници, па дури и десетици илјади луѓе. А сега, грипот повторно се забрзано се шири на северната хемисфера.

Токму поради ова, ние прво треба да мислиме на грипот, а помалку на nCoV кога навистина темелно ги миеме рацете по возењето во автобус и во воз, или по допирањето на вратите во јавните установи. А заштитната маска за лице? Не, слободно може да ја заборавиме. А, и да не заборавиме: Дали веќе се вакциниравте против грип?