1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Заострени рестрикции веќе од наредната недела?

ЕМФ | агенции
12 декември 2020

Канцеларката Меркел и покраинските премиери утре ќе се договараат околу натамошни мерки за сузбивање на пандемијата. Се' погласно се бара заострување на мерките веќе пред Божик.

https://p.dw.com/p/3mcN5
Deutschland Maskenpflicht in Jena
Фотографија: Martin Schutt/dpa/picture alliance

Со оглед на тоа што бројот на новоинфициртани и починати од коронавирус постојано се зголемува, се' поголема е согласноста меѓу политичарите дека со заострување на рестрикциите треба да се почне уште пред Божик.

Пред утрешната (13.12.2020) средба на канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери, вицеканцеларот Олаф Шолц изјави дека очекува „клучни одлуки“. Пред се' треба да се „придонесе за намалување на контактите“, нагласи Шолц. Според него, Германците мора да прифатат повторно многу рестрикции, кои би се спровеле многу бргу.

Повеќе:

Црн рекорд во Германија - речиси 30.000 новоинфицирани за 24 часа

Коронавирус: Зошто се најтешко погодени регионите кои гласаат за екстремната десница?

Последната битка на Ангела Меркел

Премиерот на покраината Бадан Виртемберг, Винфрид Кречман, денеска изјави дека канцеларката и премиерите на покраините од редовите на ЦДУ и ЦСУ се за „локдаун“ на територија на цела држава уште пред Божик. „Сите мора да сметаат со тоа дека стивнувањето на општествениот живот ќе почне веќе наредната недела, рече Кречман.

Институтот „Роберт Кох“ денеска јави дека за 24 часа имало 28.438 новоинфицирани со коронавирус и 496 починати.