1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: САД одобрија нов експериментален третман

СН/агенции
10 ноември 2020

Екперименталниот метод за лечење со антитела може да се користи за полесни и средно тешки случаи на Ковид-19. Лекот на компанијата Илај Лили, не им помага на пациенти со тежок облик на болеста.

https://p.dw.com/p/3l5a7
US-Behörde FDA
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik

Американската агенција за контрола на храна и лекови (ФДА) вчера одобри користење на експерименталната терапија со антитела во итни случаи кај пациенти постари од 65 години, кои освен Ковид-19  имаат и некаква хронична болест .

Услов е и да не се хоспитализирани.

ФДА соопшти дека одлуката е поткрепена со клинички тестирања кои покажале оти лекот Бамланаивимаб ја намалува веројатноста за хоспитализирање на заболените со коронавирусот.

Повеќе:

-СЗО против Гилиад: Спор околу ефективноста на ремдесивир

-Трамп се лекува со ремдесивир и експериментална терапија против Ковид-19

-Дексаметазон- пресврт во лекувањето на заболените од Ковид-19?

Засега овој експериментален лек може да се користи за полесни и средни случаи на заразени со коронавирусот, како кај деца постари од 12 години, така и кај возрасни, но Бамланаивимаб не можат да го користат пациенти кои се хоспитализирани и кои примаат терапија со кислород, додава ФДА.

Овој лек, од компанијата Илај Лили, не им помогна на пациентите со потежок облик на Ковид-19, дотолку повеќе, се покажа дека им одмага, нагласува ФДА.