1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија ги подзатвора границите за Британците

СН/агенции
22 мај 2021

Велика Британија важеше за успешен пример за справување со Ковид-19 поради стапката на вакцинација и нискиот број на инфекции. Но, сега земјата во Германија е класифицирана како жариште на опасна варијанта на вирусот.

https://p.dw.com/p/3tnx7
Großbritannien Coronavirus
Фотографија: Adam Vaughan/London News Pictures via ZUMA Wire/picture alliance

Поради ширењето на индискиот сој на коронавирусот во Велика Британија, оваа земјата од утре, Германија ќе ја смета за високоризична „зона на варијациска мутација“ на овој вирус, најави германскиот Институт Роберт Кох.

Последица се значителни ограничувања на патувањата од Велика Британија во Германија. Сите патници кои ќе дојдат од оваа земја ќе мораат да бидат во двонеделен карантин кој не може да се намали ниту и ако тестовите се негативни.

Така од утре на авиокомпаниите, автобусите и на возовите ќе им биде дозволен превоз од Велика Британија во Германија само на германски државјани или луѓе кои живеат во Германија. Велика Британија по долго време повторно стана прва земја во Европа која стана подрачје во кое циркулираат нови варијанти на вирусот.

Според германската класификација, досега во категоријата од висок ризик, како „зона на варијациски мутации“, беа само 11 земји од Азија, Африка и од Латинска Америка.

Индиската варијанта на висусот Б.1.617.2 се смета за особено заразна и во последните месеци во голема мерка придонесе за експлозивно зголемување на бројот на заразени во Индија.

Според британскиот министер за здравство, Мат Хенкок, досега во земјата, особено на северозападот на Англија и во Лондон, се идентификуваи 2.967 случаи поврзани со оваа заразна варијанта Б.1.617.2, со раст на бројката на овие случаи за 30 насто само од понеделникот.

Британската влада ја обвинуваат затоа што во април го одложила заострувањето на ограничување на доаѓањето на патници од Индија.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, во петокот изрази загриженост поради состојбата во Велика Британија и рече оти е неопходно да се „спречи ширењето на оваа варијанта“ во Германија.

Германија води многу внимателна политика за справување со вирусот. Викендов во бројни региони во земјата се укинуваат некои од ограничувањата, пред сѐ во угостителството, но гостите во угостителските објекти мораат да имаат или негативен тест на вирусот или да имаат потврда дека се целосно вакцинирани или оти го прележале коронавирусот.