1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Каде е Чен Кјуши?

12 февруари 2020

Кинескиот граѓанин новинар кој од самиот почеток известуваше од Вухан за избувнувањето на епидемијата на смртоносниот коронавирус исчезна пред неколку дена. ДВ се обиде да добие повеќе информации од неговите пријатели.

https://p.dw.com/p/3Xf4s

Но и оние пријатели кои преку Твитер ги контактираше ДВ велат дека изгубиле секаков контакт со него. Веруваат дека кинеските власти го имаат „притворено“ за да го замолчат.

Видеата на Чен Кјуши даваа нецензурирана слика за ситуацијата во Вухан.  На нив  можеше да се види преоптоварениот медицински персонал и хаосот во болниците во градот, каде за првпат се појави новиот коронавирус. 

Повеќе на темата:

-Паѓа бројот на заболени од новоименуваниот коронавирус

-Доколку не се стави под контрола, коронавирусот може да зарази 60% од светското население

-Корона-вирусот е опасен за кинескиот државен апарат

Неговата последна порака со пријателите е на 6 февруари. Неколку дена потоа за неговото исчезнување, меѓународната јавност ја алармираше организацијата за човекови права Амнести Интернешенел.