1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Оној кој нема да се самоизолира, ќе биде присилно изолиран

БГ
19 март 2020

Премиерот Спасовски вечерва соопшти дека владата подготвила серија поригорозни мерки со кои ќе се воведе присилна изолација, блокада на Водно, надгледување во супермаркетите и аптеките...

https://p.dw.com/p/3ZkP0
Nord-Mazedonien Oliver Spasovski Ministerpräsident der Übergangsregierung
Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Премиерот Оливер Спасовски најавува радикализација на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Во вечерашното интервју за Телма, Спасовски рече дека владата носи сет мерки од кои најважна е принудната изолација на оние кои нема да ја почитуваат препораката за самоизолација. „Директно во центри за изолација ќе биде упатуван секој кој нема да го почитува правилото за самоизолација. Нема да има пардон за никој. Никој нема право да го загрозува животот на граѓаните“, вели Спасовски.
Извршната власт, која со вонредната состојба која ја прогласи претседателот Стево Пендаровски, доби право да донесува уредби со законска сила планира и други поригорозни мерки. Вечерва владатаа ги усвоила мерките, и меѓудругото, тие предвидуваат:

- Забрана за собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини; 
- Затворање на пристапот на Водно од 18 часот до 6 часот наутро;
- Контрола на издавање на сите вили во Сопиште и Соње, (од каде деновиве доаѓаа информации дека групи млади луѓе организирале забави);
- 14 дневна забрана за работа на авто-школите и испитните центри;
- Воведување надгледување во супермаркетите и аптеките.

Според Спасовски, со новите уредби сопствениците на објектите во Сопиште и Соње ќе бидат кривично гонети, а оние затекнати во објектите ќе бидат ставени во изолација.
Во супермаркетите и аптеките ќе има своевидна редарска служба на влезовите кои ќе го регулираат влезот на луѓето и ќе ја оддржуваат оддалеченоста внатре во нив на потрошувачите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема