1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовскиот претседател Тачи обвинет за воени злосторства

БГ
24 јуни 2020

Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг.

https://p.dw.com/p/3eHKH
Deutschland Berlin 2019 | Hashim Thaci, Präsident Kosovo
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

Злосторствата кои им се ставаат на товар на Тачи и другите деветмина обвинети опфаќаат речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење.

Специјалното обвинителство во Хаг кое ги истражува злосторствата сторени за време на војната на Косово во периодот 1998-1999 година, соопшти дека Тачи и другите обвинети се сметаат за одговорни за убиства на стотици луѓе.

„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.

Од специјалното обвинителство уште наведуваат дека биле принудени да издадат јавно соопштение за обвинението поради „континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја попречуваат и подриваат работата на Специјалниот суд“.
Кадри Весели е поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија.

Според наводите на обвинителството во Хаг, Тачи и Весели „спровеле тајна кампања за укинување на законот со кој е основан Специјалниот суд, со цел самите да не бидат изведени пред лицето на правдата“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема