Кој е Раул Кастро?
4 август 2006Дали овој 75 годишник е иднината на Куба? Нему иднината му припаѓа веќе толку долго што заедно со таа иднина и остаре. Веќе со децении Раул Кастро важи за број 2 во Куба, веднаш зад својот брат Фидел. Тој ње негов заменик на сите поважни позиции. Потпретседател на државата, партијата, државниот совет, накратко вице Фидел. Само на една позиција е самиот и шеф. Тој е министер за одбрана. Кубанската телевизија овој прилично повлечен функционер во интервјуата не го прашува за неговите резултати во работењето, туку првенствено за иднината. Раул Кастро се жали дека сите сакаат да знаат само едно:
„ Што ќе биде по Кастро? Дали ќе се случи народно востание или можеби граѓанска војна? Кој ќе го презеде водството? Дали тоа ќе биде Раул или некој друг? Дали тој ќе успее да се одржи на власт? Се разбира дека ние ќе останеме на власт и се разбира дека ќе се случат и некои промени. Целиот живот е една постојана промена, од една во друга етапа. Со револуцијата е исто. Да, ќе се случат промени, ние ќе одиме кон подобар социјализам, подемократски социјализам„
Подобра иднина со Раул Кастро? Тоа никој не го очекува од 75 годишникот. Ниту пријателите ниту непријателите. Тој со децении во јавноста се доживува како безличен функционер со прилично променлив карактер. Поделбата на работите со неговиот постар брат потсетуваше на шемата, добар полицаец-лош полицаец. Додека Фидел со својата харизма ја движеше револуцијата, Раул го чистеше политичкиот крајолик на островот. Генералот на кубанската рамија не важи како попустлива личност. Неговиот имењак, Раул Риверо и тоа како ја почувствувал цврстината на кубанскиот систем. Основачот на независната новинска агенција „Куба Прес„ бил осуден на 20 години затвор заради тоа што наводно примал плата од САД . Раул Риверо денес живее во Мадрид:
„ Иднината ќе изгледа вака: По Фидел власта ќе ја преземе неговиот брат Раул, кој од самиот почеток беше министер за одбрана. Луѓето мислат дека тој може да ја отвори Куба кон светот. Проблемот е само што сегашниот режим го поддржува Венецуела и претседателот на таа земја Хуго Чавез. Така кубанското водство има сеуште доволно средства за одржување на власт. Затоа воопшто и нема економски развој. Само многу пропаганда. Младите едноставно сакаат да ја напуштат Куба„
Фидел Кастро во последниве години во најголем дел ги запре и најситните економски реформи. На приватните иницијативи им е загорчен животот, а официјално наводно во тек е остра борба против корупцијата и таканареченото неоправдано богатство. Заради тоа пропаднаа и надежите дека би можеле да следуваат и некои реформски сили. Карлос Лаге на пример, кој во економијата на земјата вложи свежи идеи. Или министерот за надворешни работи Перез Поке, најмладиот ветеран на револуцијата. Но кога пред пет години на Фидел Кстро му се слоши, тој истиот Перез Роке сјкандираѓе „Вива Раул, Вива Фидел! Неговите зборови ги славеа и партиските марионети, се жали дисидентот, Раул Риверо:
„ Тие се како актери во една театарска претстава. Луѓето ќе навратат, ќе изгледаат еден чин, ќе плескаат и знаат дека таму нема перспектива. Постојано ги слушаат истите говори според кои иднината ни припаѓа нам, народите на Латинска Америка! Но луѓето сакаат да живеат свој живот во слобода и без цензура на медиумите. Но на Куба нема слобода, нема надеж. Единствената надеж е овој Фидел да умре и некој, ни самиот не знам како, да ја отвори земјата кон светот„
Во секој случај се чини наивна претставата дека во случај на смрт на Фидел, се ` би се урнало како кула од карти. Неговиот заменик, Раул, многу сигурно седи во наследничката фотеља. Работите би изгледале поинаку кога 75 годишниот Раул би починал пред 80 годишниот Фидел. Комунистичката парија на Куба во таков случај би се соочила со голем проблем. Револуцијата полека старее заедно со своите татковци