Кој (не)сака да студира во Германија?
18 јули 2019Официјалните статистики велат дека по бројност македонските студенти во Германија се претпоследни од балканските држави. Но, интересот на македонските студенти за образување на германските високообразовни институции, сепак, не е мал. Во учебната 2017/18 година, според Сојузниот завод за статистика во Визбаден, во Германија студирале 1.174 македонски студенти.
Од нив, Две третини се на дипломски студии, 179 на постдипломски студии, 58 на докторски студии, а другите на стручни високи школи.
И Ања Коцевска наесен ќе ги започне студиите по дизајн на интеракција на универзитет во Берлин. И покрај трите одбивања, Ања не се откажала:
„Оваа апликација, последна што ја правев, ја направив, мислам, совршено. Буквално од почеток до крај ја работев сосема навреме, не споделував додека не биде, и бев сконцентрирана на точните документации и документи што се потребни за да не направам пак грешка."
За сознанијата на Ања, како и за интересот за стипендии за студии во Германија, но и обврската за некои студенти потоа да се вратат на работа во татковината, во видеото: