Кој ќе игра со Бајерн во финале?
17 април 2013Ако Фрајбург стигне до финалето на Купот, тоа би била премиера. Но тренерот Кристијан Штрајх, за да го намали притисокот врз своите играчи, го релативизира значењето на полуфиналето: „Ова за нас е нормален натпревар“, вели Штрајх и укажува дека за Штутгарт значењето на натпреварот е поинакво: „За Штутгарт натпреварот има поинаква важност, зашто повеќе се тие оние што би морало да победат.“
Тренерот на Штутгарт Бруно Лабадиа, пак, проценува дека шансите се 50:50. Според него, „само мали нијанси“ ќе бидат одлучувачки кој ќе победи и ќе се најде во финале.
Фудбалерите на Бајерн Минхен (фото горе) се првите финалисти во купот на Германија, откако во полуфиналето го прегазија Волфсбург со 6:1. Манџукиќ и Робен по половина час игра му донесоа предност од 2:0 на Баерн, која во финишот на полувремето ја намали Диего. Во второто полувреме Бајерн поведе со 3:1 со голот на Шаќири, а потоа Марио Гомез за само шест минути, од 80-та до 86-та, постигна три гола, со што го дотолчи противникот.