Која е ЦСУ?
17 јануари 2007Христијанско Социјалната Унија, ЦСУ, е уникатна во партискиот живот во Германија. Како политичка организација таа важи за сестринска партија на Хрситијанско Демократската Унија, ЦДУ. ЦДУ како голема конзервативна партија е активна во цела Германија, освен во Баварија. ЦСУ како бранител на конзервативните вредности дејствува единствено во оваа јужна и најголема сојузна покраина, која со 12,5 милиони граѓани е втора по бројот на население во Германија.
Во Сојузниот парламент, Бундестагот, ЦСУ од 1949 ја сочинува таканаречената заедничка пратеничка група со ЦДУ. Во таа смисла покраинската ЦСУ од Баварија има одреден степен на внатрешна самостојност, а истовремено силно влијание и значење. Оттука е можно што една таква регионална партија во Германија игра значајна улога. Претсдеателот на покраинската влада, кој доаѓа од редовите на ЦСУ има важна кораководна функција на сојузно ниво. Политикологот Андреас Кислинг од универзитетот во Минхен ги објаснува вредностите но и маните од соработката на ЦСУ и ЦДУ
“ ЦСУ е постојано во некаква старегиска дилема во поглед на ЦДУ. Од една страна е јасно дека ЦСУ може да биде поуспешна доколку настапува заедно со ЦДУ. Од друга страна ЦСУ е постојано под притисок за задржување на сопствениот профил, така што историјата на односите меѓу двете партии ја одбележува постојана напнатост“
Тоа беше воочливо пред се во средината на 70 ите години, во ерата на тогашниот долгогодишен шеф на ЦСУ а подоцна и премиер на Баварија, Франц Јозеф Штраус. Во тоа време лидер на ЦДУ беше Хелмут Кол, кој подоцна беше и канцелар на Германија. Штраус не успеа во обидот да ја распушти заедничката пратеничка група со сестринската партија. Неговата идеја беше конзервативците од Баварија да ги позиционира и на сојузно ниво.
Инаку во Баварија, ЦСУ, настапува како политичка партија на социјална рамнотежа, како преставник на "малите луѓе". Тоа традиционално беа земјоделците и сточарите кои во споредба со другите професии се помалку имаа влијание. ЦСУ се покажа како економска партија. Таа само краток период беше во опозиција. Политикологот Кислинг смета дека токму во тој период партијата ги поставила основите на својата економска политика која и сега е успешна:
“ Во оваа кратка фаза на период во опозиција, од 1954 до 1957 ЦСУ под раководство на Ханс Сидел ја препозна успешноста на рецептот за поврзување на економското модернизирање на Баварија со желбата за активност и на сојузно ниво“
ЦСУ од 1962 година владее со апсолутно мноинство. Во 2003 направи извонреден успех. На изборите во Баварија партијата која тогаш веќе четири година ја предводеше Едмунд Штојбер освои повеќе од две третини од гласовите.