1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кремљ: Путин беше во право за Северна Кореја

СН/ агенции
13 јуни 2018

Русија го поздрави почетокот на „директниот дијалог“ меѓу САД и Северна Кореја по првата средба на Трамп и Ким, предупредувајќи истовремено дека севернокорејската криза не може да се „реши за еден час“.

https://p.dw.com/p/2zT4s
Singapur USA Nordkorea Gipfel Donald Trump, Kim Jong Un
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Wallace

Состанокот меѓу американскиот и севернокорејскиот лидер, Доналд Трамп и Ким Jонг Ун, покажа оти рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја е директен дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Може само да се поздрави фактот оти се случи таква средба и почеток на директен дијалог“, порача портпаролот Песков.

„Какви и да се резултатите од таквите состаноци тие несомнено овозможуваат смирување на тензиите на полуостровот, и тоа не може да не предизвика задоволство“, рече тој.

Повеќе:

-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време

-Трамп и Ким договорија „целосна денуклеаризација“ на Северна Кореја

-Фотографија на денот: Историското ракување во Сингапур

Der Sprecher des russischen Präsidenten Dmitri Peskow
Димитриј ПесковФотографија: picture-alliance/M.Metzel

Песков додаде и дека е очигледно оти се работи за навистина компликувани прашања и дека би било погрешно сите долгогодишни проблеми „да се решат за еден час“.

Тој го повтори ставот на Русија оти единствен пат за решавање на севернокорејската нуклеарна криза е „директен дијалог“.

Доналд Трамп и Ким Јонг Ун вчера имаа историски состанок во Сигнапур кој заврши со потпишување на заедничка декларација, во која нема поголем продор за клучното прашање за севернокорејскиот нуклеарен арсенал.