1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во „Шкода“ го загрозува чешкото стопанство

6 ноември 2021

Целата чешка економија во голема мерка зависи од тамошната автомобилска индустрија, а пред сѐ од „Шкода“. Но, производството на „Шкода“ е загрозено од недостатокот на чипови.

https://p.dw.com/p/42TXO
Главната порта на фабриката на „Шкода“ ви чешкиот град Млада Болеслав
Главната порта на фабриката на „Шкода“ ви чешкиот град Млада БолеславФотографија: DW/T. Gosling

Според бројот на население, Чешка е меѓу најголемите производители на автомобили во светот. Во Колин е „Тојота“, во Ношовице „Хјундаи“, но центарот на чешката автомобилска индустрија е секако во Млада Болеслав каде што е седиштето на „Шкода“.

Знакот на овој чешки производител се наоѓа на околу 900.000 од над 1,3 милијарди автомобили колку што беа произведени во Чешка пред пандемијата. Во автомобилската индустрија директно се вработени 120.000 лица, а во компаниите кои работата за автомобилската индустрија се шестпати повеќе, проценува Зденек Пецел од Здружението на автомобилската индустрија во Чешка.

Но, „Шкода“ исто како и нејзината матична компанија „Фолксваген“ е тешко погодена од недостигот на чипови на глобално ниво. Затоа управата на концернот на 18 октомври објави дека мора целосно да го прекине производството и тоа веројатно до крајот на годинава.

Повеќе: „Паничните набавки“ од супермаркетите се префрлија во глобалната економија

Деновиве пак беше објавено дека сепак стасала нова пратка чипови и дека производството ќе продолжи, но не е извесно дали испораката на чипови ќе биде редовна. Тоа е тежок удар за Чешка. „Само на ‘Шкода’ отпаѓа пет проценти од БДП во земјата. Секаков прекин на производството носи со себе огромни последици за економијата, а пред се врз широката мрежа на добавувачи,“ укажува Радек Шпицар, потпретседател на Здружението за индустрија и сообраќај.

Двојна загуба

 „Чиповите ‘Шкода’ ги добива од Малезија која поради пандемијата ги затвори погоните кои работат за автомобилската индустрија,“ објаснува Шпицар. Сепак, не се погодени сите произведувачи на автомобили во Чешка – „Хјундаи“ е во подобра позиција, бидејќи оваа јужнокорејска компанија реши сама да си ги произведува чиповите кои и се потребни.

Радек Шпицар, потпретседател на чешкото Здружение за индустрија и сообраќај
Радек Шпицар, потпретседател на чешкото Здружение за индустрија и сообраќај Фотографија: Archiv Radek Špicar

Но, тоа е слаба утеха за Чешка бидејќи не само што државата нема приходи од „Шкода“ туку сега мора од буџетот да одвојува финансиска помош за работниците во фабриката.

 Повеќе: Духот на инфлацијата кружи низ целиот свет

Тие дури и ако не работат сепак ќе примаат 80% од основната просечна плата.

„Ќе и помогнеме на автомобилската индустрија, како и на оние граѓани кои работат во неа,“ најави чешкиот премиер во заминување Андреј Бабиш. „Државата ќе помогне со 60% од износот кој го плаќа работодавачот,“ прецизно појасни Карел Хавличек, министер за индустрија и сообраќај во сеуште актуелната влада.

„Сметам дека е тоа праведно, бидејќи се работи за клучен сектор од чешкото стопанство кое придонесува со 10% во БДП и каде сега се загрозени стотина илјади работни места.“

Проблеми во компликувани времиња

Чешката влада на 8 ноември ќе одлучува за ова – токму на денот кога во Прага за прв пат ќе се состане новиот состав на парламентот. Премиерот Бабиш ги загуби изборите и тој си заминува од функцијата, а работите дополнително се компликуваат поради тоа што претседателот Милош Земан е болен. 

„Шкода“ инвестира во високо модерна производствена технологија
„Шкода“ инвестира во високо модерна производствена технологијаФотографија: Radek Petrasek/CTK/dpa/picture alliance

Во Здружението за индустријата и сообраќај веруваат дека и новата влада ќе ги подржи мерките за помош. „Оваа програма за скратено работно време е наменета за ситуации кога некој сектор од стопанството ќе се најде во потешкотии кои не си ги предизвикал сам, а со цел да се задржат работните места,“ вели Радек Шпицар.

Повеќе:Тромбоза во артериите на светската економија

Но и тие да прифатат работата не е завршена – мерките за државна помош за „Шкода“ ќе мора да ги одобри и Европската унија – а тоа се уште не е спроведено. Постои уште еден проблем – овој клучен сектор на чешката индустрија го очекува уште поголем предизвик од овој со недостаток на чипови – неопходно е да се подготви за иднината и барањата поврзани со заштита на климата.

„За во доволна мерка да се намали емисијата на ЦО2, нема друго решение освен електрификација, а тоа ќе биде многу напорно и скапо,“ изјави за весникот „Денјик“ Михаил Кадера, претставник на „Шкода“ задолжен за односи со јавноста. Неговата компанија сака до 2030 во ЕУ да продава повеќе електрични отколку возила со класични мотори.

 

Лубош Палата
Лубош Палата Дописник за Чешка и Словачка, со седиште во Прага