1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдски шпион му ги украл гаќите на Ал-Багдади

БГ /РТР
29 октомври 2019

Курдските борци во Сирија тврдат дека одиграле клучна улога во пронаоѓањето и препознавањето на лидерот на Исламската држава кој загина во напад на американските трупи за време на викендот.

https://p.dw.com/p/3S7NQ
Abu Bakr al-Bagdadi
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/

Таен агент на курдските Сириски демократски сили успеал да се инфилтрира во кампот на терористичкиот лидер Абу Бакр ал-Багдади и да му ги украде гаќите преку кој бил потврден идентитетот на првиот човек на Исламската држава, тврди претставник на курдската милиција во Сирија.
„Нашиот агент кој успеа да стигне до Ал-Багдади, ја донесе неговата долна облека врз која беше извршен ДНК тест и со тоа се утврди стопроцентно дека се работи за Ал-Багдади“, напиша на Твитер Полат Чан, советник на курдската милиција.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Курдите им дале некои информации кои им помогнале во операцијата.

Syrien Einsatz gegen IS-Spitze läuft weiter | Barisha
Остатоци од куќата во Идлиб во која се криел БагдадиФотографија: AFP/O. Haj Kadour

Чан тврди дека курдските сили од 15 мај годинава работеле заедно со ЦИА на утврдување на локацијата на Багдади, и успеале да потврдат дека тој се префрлил од источна Сирија во Идлиб пред да биде убиен.

Багдади, наводно, повторно сакал да ја промени локацијата пред да биде идентификуван и нападнат од американските командоси. Според Трамп, откако бил опколен Багдади си го активирал самоубиствениот бомбашки појас и заедно со себе во смрт испратил и три од своите деца.