1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лига на шампиони: Реал Мадрид и Челзи во полуфиналето

СН/ЕМФ/дпа/мф/сид5 април 2012

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе биде противник на Бајерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите.

https://p.dw.com/p/14Y07
Фотографија: AP

„Кралскиот клуб“ очекувано и во реваншот од четвртфиналниот дуел со Апоел Никозија славеше убедлива победа од 5:2. Во победата на Реал на „Сантијаго Бернабе“, два гола постигна Роналдо, а по еден Кака, Каљехон и Ди Марија. Реал со вкупен резултат од 8:2 мина во полуфиналето. Во тимот од Никозија, кој беше најголемо изненадување сезонава во Лигата на шампионите, иако беше најавуван, не нестапи македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.

Во второто полуфинале, противник на бранителот на титулата Барселона ќе биде лондонски Челзи. Англичаните во реваншот повторно извојуваа победа против Бенфика од Лисабон со 2:1. Головите за Челзи ги постигнаа Френк Лампард и Раул Меирелеш, а за Бенфика Хави Гарсија. Првиот натпревар во Лисабон заврши со победа на Челзи од 0:1

Првите полуфинални натпревари на програмата се на 17. и 18. април во Минхен односно Лондон, а реваншите ќе се одиграат на 24. и 25. април. Финалниот меч е закажан за 19. мај на „Алијанц Арена“ во Минхен.