Локдаунот во Германија ќе биде подолг?
29 декември 2020Со оглед на повеќе од 30.000 починати од коронавирусот во Германија и пополнетоста на многу клиники, продолжувањето на локдаунот станува се' поверојатно. „Сметам дека кога ќе се сретнеме на 5 јануари, нема да можеме да ја процениме целата ситуација и затоа ќе мора да го продолжиме локдаунот“, изјави шефот на Канцлерамтот, Хелге Браун (ЦДУ) за телевизиите РТЛ и Н-ТВ.
Премиерот на покраината Сар, Тобијас Ханс, дава слични изјави. Локдаунот, според него, „мора да се продолжи“. Канцеларката Ангела Меркел и покраинските премиери на средината од декември постигнаа договор за построги мерки кои важат до 10 јануари.
Повеќе:
Германија: По грешка – дадена петкратна доза вакцина на негуватели
Дебатата за принудна вакцинација нема допир со реалноста
Вакцинацијата почна, многу прашања сѐ уште без одговор
Вакцинирањето засега носи само зрак на надеж. Министерот за здравство Јенс Шпан побара да се има трпение. Производството на вакцини е прекомплексно и не може да се интензивира за три-четири недели, вели тој. Германската влада, заедно со производителите Бионтек и Фајзер, прави се' за да се обезбедат дополнителни производствени капацитети, на пример во Марбург. „Целта е веќе во февруари/март и таму да има производство, што енормно би го зголемило количеството“, изјави Шпан.
Институтот „Роберт Кох“ денеска на својата интернет страница објави податоци за 12.892 новоинфциирани со коронавирус и 852 починати за 24 часа. Од почетокот на пандемијата со коронавирус, во Германија се заразиле 1,66 милиони луѓе, а починале 30.978.